Дали некој штотуку ти раскина, те отфрли како стара крпа и те напушти или ја изневери твојата доверба? Најверојатно да, бидејќи инаку не би го читал токму ова.
Но, знај дека не си сам. Дури и во овој момент додека го читаш ова, многу луѓе ги завршуваат своите врски. Она што ги поврзува сите овие луѓе е стресот поттикнат од самиот чин на разделба.
И ако не преземеме ништо за да ја надминеме оваа негативна состојба од која страдаат нашето срце, тело, ум и душа, не само што си го ризикуваме нашето емоционално здравје и благосостојба, туку истовремено може да страдаат и нашето физичко и ментално здравје.
Разделбите со љубеното лице се екстремно тешки, и доживеаниот стрес може да продолжи да трае и во наредните неделидури и месеци. И токму за време на овој период, неопходно е добро да се грижиш за себе и да пронајдеш делотворни начини за да се осободиш од стресот.
Еве кои се четирите, најлесни и најбрзи начини кои ќе ти помогнат повторно да се опуштиш и да продолжиш да живееш понатаму.
Слободно исплачи се
Можеби веќе и си плачел, но доколку си од оние кои ги потиснуваат болните чувства заедно со солзите, за свое добро, сега пушти ги слободно да течат.
Според експертите, плачењето е здрав начин за справување со стресот кој е предизвикан од емоционалните трауми.
Плачењето не само што ќе те смири и ќе ти даде утеха, исто така ќе помогне да се ослободат и насобраните негативни чувства, кои во спротивно би можеле да експлодираат подоцна и тоа кога најмалку очекуваш.
Обнови ги врските со пријателите и семејството
Кога стапуваме во љубовна врска повеќето од нас, сосем непланирано и ненамерно, почнуваат да ги занемаруваат и да се оддалечуваат од сите други врски со луѓето, вклучувајќи ги дури и блиските пријатели и членови на семејството.
Затоа, по раскинувањето на врската, обновувањето на изгубените или запоставени контакти со некогаш блиските луѓе се смета за еден од најдобрите методи за надминување на чувството на осаменост и отфрленост.
Користи позитивни афирмации
Користењето на позитивни афирмации и нивното повторување, наликува на некоја форма на медитација и успева да ги пренасочи мислите од непријатното искуство кон нешто позитивно.
Стресот и анксиозноста можат многу да го намалат оптимизмот и самодовербата, затоа што успеваат да ги намалат хормоните задолжени за твоето добро расположение.
Наспроти тоа, секое фокусирање на позитивните афирмации го подига нивото на допаминот и серотонинот со што се создаваат инстантни позитивни промени во расположението.
Биди благодарен за она што го имаш
Иако после разделбата е возможно да се чувствуваш како да си изгуби се, сепак мора да постои барем едно нешто за кое си благодарен.
Затоа, секој ден, на крајот од денот обиди се да помислиш или запишеш барем едно или повеќе нешта за кои чувствуваш благодарност. И обиди се да воочиш како со секое заблагодарување тебе ти се подобрува расположението.
На овој начин, повторно мислите се преносачуваат од болното искуство кон нешто што ти буди само позитивни чувства, се враќа оптимизмот и мотивацијата за создавање посреќен живот.
Во некои земји скршеното срце го сметаат за болест за која дури следуваат и слободни денови од работа. Ова ви го кажуваме за да ве увериме дека не е погрешно ако почувствувате потреба да се напиете нешто за смирување.
Секогаш кога се соочувате се емоционална бура во животот, тука е Dr. Viton Magnezan B6 кој ќе ви помогне да ги контролирате емоциите и ќе го заштитите телото од последиците кои лесно може да се случат.
Редовната консумација на магнезиум и витамин Б6 целосно ќе го детоксицира и телото и мозокот од емоциите што те гушат.
Dr. Viton Magnezan B6 го контролира нивото на стрес хормонот кортизол и на тој принцип индиректно обезбедува проток на позитивни мисли. Чистејќи ги клетките од стрес, опуштајќи ја мускулатурата и регулирајќи ја работата на срцето, суплементот создава услови за нормално функционирање на сите клучни процеси во организмот, вклучувајќи ја и правилната работа на мозокот.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)