Израдувајте го вашето дете со нова играчка. Тоа не значи дека треба веднаш да отрчате до најблиската продавница за играчки и да купите некоја скапа пластична играчка. Бидете креативни и направете безброј формула возила за вашето малечко од картон – ролните од тоалетната хартија.
Обојте ги ролните во различни бои, а од друг картон направете тркала за возилата, а на врвот на секое возило нацртајте бројки исти како на вистинските формула возило. Вашите малечки ќе се чувствуваат како да се висински организатори на формула трка благодарение на вашата креативност.
Внесете се во креирањето и декорирајте ги дополнително количките со напелници, од картонот што ќе ви остане направете мали тркалца кои ќе бидат воланот на „брзите“ формули, а за трката да биде комплетна формула возачите нека бидат омилените лего фигури на вашето дете.