Ако се радувате како мало дете кога ќе видите снег, ја обожувате зимата, нејзината белина и убавина, овој украс ќе ви донесе вистинско задоволство, ќе ви го разубави домот или канцеларијата и ќе го донесе вистинскиот ефект на зимата.
Еве што ви е потребно:
- Тегли од храна за бебиња
- Лепило
- Спреј со сребрена боја
- Мала елка (украс, гранка, четка)
- Јаже
- Чекан
- Шајки
- Вештачки снег (или памук)
Добро исчистете ги теглите од секакви етикети
Залепете го дното на елката со дното на теглата
Со чекан и шајки направете дупки во капачињата на теглите
Врзете го јажето за капакот
Затворете ја теглата
Украсете си ја елката