Направете најдобрата ББ крема сами и уживајте во совршенството на вашата кожа

Дали имате млеко за сонце, течна пудра и хидратантна крема? Што чекате, направете сами ББ крем!

Во козметички царството не постои простор за дискусија: ББ кремот е најдобриот изум на модерната козметика! Тоа е крема која му дава на лицето свеж тен, го штити од сонцето и ја хидрира кожата, а може да се направи и во своја верзија. Што е ќе признаете многу пожелно, со оглед на нејзината цена во продавница, која понекогаш ги надминува трошоците и на “вистинската” пудра.

Потребно:

  • Крема за заштита на кожата од сонце
  • Хидратантен крем за лице
  • Течна пудра или  крем пудра

Подготовка:

Во празна кутија од пудра ставете 1 лажичка крем за заштита од сонце, хидратантен крем 1 лажица, 1 лажичка течна или крем пудра (а можете да направите комбинација од двете, ако ги имате).

Сите компоненти  добро измешајте ги, така што ќе добиете изедначена боја. Ако сакате кремот да биде со поголем пигмент , додадете повеќе пудра. Исто така, ако мислите дека таа е премногу светла, додадете малку бронзер (ако го имате во вид на камена) и  ставете го во мешавината.

Ако сакате во кремот можете да додадете и спреј за фиксирање на шминка  и вашиот ББ крем е подготвен!