Од емисиите на Др Оз: Три тајни за успешнo слабеење

Во една од своите емисии, ДР. Оз издвои три намирници кои треба да се додадат во секојдневната исхрана на оние кои сакаат да ослабат: кисел зеленчук, цели житарки и рооибус чај.

Тајна бр. 1: Кисел зеленчук – Унгарија

Доколку сакате да пронајдете идеални ;грицки; тоа е кисел зеленчук. Затоа што нема воопшто калории. ДР. Оз советува да јадете кисели краставички или некој друг закиселен зеленчук наместо чоколада, пакарски производи или чипс. Доколку ги замените нездравите грицки со овој кисел деликатес, за многу брзо време ѓе ослабете.

Тајна бр. 2: Житни снегулки со овошје – Швајцарија

Утринската порција на житни снегулки со овошје, на луѓето од Швајцарија им обезбедува витка линија. На оние на кои доручекот  од зобна каша им е здосаден, најдобро е да преминат на житарки од цели зрна. Ќе ве заситат и ќе ја намалат желбата за благо –тврди Др Оз. Сепак треба да се спомене дека се работи за мусли кои не содржат многу шеќер. Избегнувајте амбалажа која го привлекува вниманието на децата.

Тајна бр.3: Роибос чај – Јужна Африка

Овој лековит чај не содрчи кофеин, па можеме да го пиеме и навечер. Богат е со минерали и со Витамин Ц. Освен за чистење на организмот и слабеење познат е и како средство за смирување на нервниот ситсем и варењето, алековито делува и на срцето.          

Природно е сладок, па не е потребно да се засладува дополнително. Жените од Јужна Африка го пијат овој чај, затоа што знаат дека помага во намалувањето на килограмите – вели Др. Оз.

super-3-kandida

 

prodazni-mesta-nature-essential1