Самиот термин “flexitarian” е комбинација од два збора: флексибилен и вегетаријанци. Во основата на оваа диета е храната која ја јадат вегетаријанците давајќи ви можност од време на време да можете да се почестите со плескавица или пилешки крилца, ако за тоа добиете желба.
Флекситеријанците јадат пет основни видови протеини (најчесто тофу, грав, леќа) овошје, зеленчук, шеќер и зачини. Ако ја изберете оваа диета секој ден мора да го следите планот 3-4-5: 300 калории за појадок, 400 за ручек, 500 за вечера, плус 2 x 150 калории грицки.
На луѓето им се допаѓа, бидејќи: Името само кажува, таа е флексибилна. Оваа диета е најдобра за луѓето кои сакаат јасно дефинирана диета, но не и за оние кои имаат многу ограничувања.