Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапоцените козметички препарати, туку и во природните состојки на зеленчукот. Ви откриваме магичен рецепт кој го чуваат здравјето, ја подмладуваат кожата и помага при регулација на телесната тежина.
За природен “фејс лифтинг” напивка која ќе им даде на вашата кожа цврстина и еластичност ви е потребно: краставица, целер и органски зелен чај.
Кофеинска киселина и витамин Ц имаат смирувачко и благо дејство, додека силиконска киселина е многу важна за одржување на сврзното ткиво на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со водата, природно хидрира и и’ дава на кожата здрав сјај.
Витамин Б комплекс од целер го стимулира претворувањето на јаглени хидрати во енергија, го спречува штетните ефекти на слободните радикали и ја задржува кожата здрава и блескава.
Високо ниво на антиоксиданси, вклучувајќи витамини Ц и Е, кои се во изобилство во зелениот чај го забавува стареењето на кожата.
За „фејс лифтинг“ напивка ви е потребно:
2 излупени свежи краставици
4 стебленца целер
2 чаши органски зелен чај
Подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги добро, доколку е потребно, додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Напитокот консумирајте го што е можно поскоро по подготовката.