Л-АРГИНИН: Аминокиселина во служба на здравјето

Л-аргининот е аминокиселина која ги гради протеините, но воедно и е популарен додаток на исхраната на кого му се препишуваат многу корисни ефекти по здравјето и спортските успеси.

ШТО Е Л-АРГИНИН?

Л-аргининот е аминокиселина, што значи дека ги изградува протеините. Аминокиселините се делат на есенцијални и неесенцијални, а Л-аргининот може да се вброи во двете категории во зависност од состојбата во која се наоѓа во организмот.

Есенцијалните аминокиселини мора да ги внесуваме, оти нашиот организам сам не може да ги произведе, додека неесенацијалните аминокиселини може да ги создаде од други аминокиселини.

Л-АРГИНИНОТ УСЛОВНО Е ЕСЕНЦИЈАЛНА АМИНОКИСЕЛИНА

Тоа значи дека во вообичаени услови нашето тело може да го произведе, но во одредени, за организмот стресни услови, мора да се внесува во форма на додаток на исхрана и тоа најчесто поради тоа што на организмот му е потребен во поголеми количини од оние кои може сам да ги произведе. Потребите за Л-аргинин се зголемени кај:

  • Трудници
  • Новороденчиња
  • Болни во критична состоја
  • По траума

Се проценува дека човекот преку храна дневно внесува 4-6 грама Л-аргинин, што е 25-30% од вкупниот аргинин присутен во телото.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВКЛУЧУВАЊЕТО НА Л-АРГИНИН ВО ИСХРАНАТА?

Спорт

Некои научни докази укажуваат на можна придобивка од Л-аргининот во подобрување на спортските перформанси и тоа поради:

  • Ефект на протокот на крв и подобра оксигенација на мускулите
  • Поттикнување на излачување на хормонот на раст
  • Поттикнување на синтезата на креатининот
  • Висок притисок и кардиоваскуларни болести

Суплементацијата, односно земањето на Л-аргинин како додаток на исхрана, се покажал ефикасен во намалување на горниот и долниот крвен притисок и корисен во третманот на хипертензијата.

Л-аргининот е неопходен за синтеза на азотниот оксид кој делува на клетките во ѕидовите на крвните садови и помага во регулирање на крвниот притисок.

Истражен е и ефектот на суплементација на Л-аргининот на мастите во крвта и делува на намалување на триглицеридите.

Болни во критична состојба

По тешки инфекции или трауми се зголемуваат потребите на организмот за Л-аргинин. Тогаш телото не може да произведе доволно аргинин па неопходно е да се внесува преку додаток на исхрана.

Недостатокот на Л-аргинин може да доведе до слабеење на имуниот систем и пореметувања во протокот на крв, поради што Л-аргининот често им се дава на болните на интензивна нега или по тешка операција.

Внесот на Л-аргинин се поврзува и со скратување на времето на опоравување по операција.

Дијабетес

Л-аргининот покажал потенцијал на подобрување на чувствителноста на инсулин, т.е. го зголемува одговорот на телото на инсулин со што се намалува оптоварувањето на панкреасот за производство на инсулин. Долгорочната суплементација со Л-аргинин може да го намали ризикот од појава на дијабетес кај лицата кои имаат предиспозиција за шеќерна болест.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/l-arginin

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)