Киви е растение со карактеристичен изглед и вкус донесено од Нов Зеланд, а денес се одгледува и во јужните краишта на Македонија.
Вистинска витаминска бомба која содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалот (98/100грама). Едно киви на ден е совршен енергетски коктел од Е и А витамин, калциум, магнезиум и калиум. Доколку сте на диета и сакате да ги намалите вишокот килограми почестете се со две до три нискокалорични киви на ден. Калориската вредност на еден плод киви со средна големина е 60 калории кој ви овозможува безгрижно кисело и здраво уживање на овој егзотичен плод.