Внесувањето доволно витамин Д и калциум влијае значително врз намалување на ризикот од рак. Четиригодишно истражување покажува дека кај жените што ја прифаќаат оваа комбинација вкупниот ризик од рак е понизок до 77 отсто.
Витаминот Д го зголемува имунолошкиот одговор на организмот, што е прва линија во заштитата против малигните заболувања.
Кожата произведува витамин Д кога е изложена на сончева светлина, но според статистиката, современиот човек ретко добива на тој начин доволно количество поради што е потребно дополнително снабдување.