Проблеми со срцето, замор, недостаток на енергија, висок крвем притисок, дијабетес и стареење се некои од знаците кои може да упатуваат дека нивото на коензим Q10 ти е многу ниско и дека ти е потребен дополнителен внес. Количината на коензимот Q10 во организмот се намалува со годините, така што пожелно е да се внесува како додаток на исхраната, а особено по 45. година. Иако недостатокот на овој коензим не мора нужно да биде причина за наведените тегоби, неговиот недостаток ги намалува шансите за побрзо опоравување, со одржување на нивото на коензимот Q10 во телото делуваш превентивно на развој на болести и процесот на оксидација во организмот.
Зошто доаѓа до намалување на нивото на коензим Q10 во телото?
Причина за недостаток на коензим Q10 во организмот може да биде оксидацискиот стрес, зголемената потрошувачка поради некоја болест, нуспојави од некои лекови… лековите за намалување на маснотии и холестерол во крвта исто така делуваат на намалување на нивото на конезим Q10 во организмот.
Коензимот Q10 има пресудна улога во производството на енергија во секоја клетка на твоето тело. Ја помага циркулацијата, го стимулира имуниот систем, ја зголемува оксигенацијата на ткивата и има значајно влијание против стареењето. Недостатокот на коензим Q10 е поврзан со перидонталната болест (група болести на непцата), дијабетес и мускулна дистрофија.
Истражувањата покажуваат дека додавањето на коензим Q10 во исхраната помага во контрола на нивото на хистамин и им помага на лицата со алергии, астма и респираторни болести.
Коензимот Q10, иако е додаток во исхраната, го користат многу лекари во светот насочени на природна, нутриционистичка и ортомолекуларна медицина за лекување на менталните функции. Имено, коензимот Q10 помага при Алцхајмерова болест и шизофренија. Исто така, помага во борба против обезноста, габичните инфекции со кандида, мултипла склероза и дијабетес.
Други болести како Паркинсонова болест, болести на срцето и крвните садови и мигрена, поврзани се со намалена способност на телото да ја претворат храната во енергија и коензимот Q10 тука и тоа како помага.
Овој коензим е огромен чекор во лекувањето и превенција на кардиоваскуларните болести.
Студија спроведена во период од шест години со помош на научниците од Универзитетот во Тексас, откриле дека пациентите заболени од конгестивно затајување на срцето со терапија со коензим Q10 покрај земањето лекови, имаат 75% поголема веројатност за преживување споредено со 25% преживување на пациентите само на конвенционална терапија.
Слична студија на истиот универзитет во соработка со центарот за болести на возрасни од Јапонија, покажала дека коензимот Q10 го намалува крвниот притисок без лекови и низ промени на исхраната.
Коензимот Q10 нашироко се употребува во Јапонија, каде 12 милиони лица земаат од овој коензим според препорака на специјалисти за лекување на болести на срцето и крвните садови (го јакне срцевиот мускул), висок крвен притисок и зајакнување на имуниот систем.
Nature Essential – Coenzyme Q10 твоја дневна доза младост и енергија!
Nature Essential Coenzyme Q10 можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Nature Essential Coenzyme Q10 можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/q10/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)