ЗОШТО Е ВАЖНО ДА КОРИСТИМЕ ЈОД?
Сите ја знаеме важноста на добро избалансираната исхрана, внесувањето на многу витамини, но ретко кој го спомнува и консумирањето на минерали кои се клучни за комуникација на клетките, ткивата, па ограните и целиот организам.
Во морето на минерали кои се клучни за здравје ќе ги најдеме во најголема мера калиум, калциум,магнезиум, цинк, фосфор, натриум и магнезан. Од клучно значење – десната рака на тироидната жлезда, минералниот цар на длабоките морски води – неговото височество – јодот.
ЈОД, 101
Јодот е минерал, кој на организмот му е потребен само во трагови. Но, токму поради тоа неговата улога е многу потценета, а таквото потценување може да предизвика сериозни проблеми. Јодот е потребен за:
- Правилен развој на фетусот,
- Работа на метаболимот
- Правилна функција на панкреасот, срцето, мозокот, мускулите, бубрезите и црниот дроб.
- Го подобрува развојот генерално
- Ја одржува температурата на телото,
- Го подобрува изгледот и здравјето на кожата, косата, ноктите и забите,
- Ги апсорбита јаглените хидрати за тенккото црево.
Сепак, најголемо количество јод се наоѓа на средичниот пат меѓу мозокот и срцето, во центарот на хормоналните случувања – тироидната жлезда. Благодарение на тироидната жлезда, јодот е дел од работата на секој хормон во човековото тело и е еден од оние елементи кои не смеат да отсуствуваат. Но, освен во тироидната жлезда, овој минерал е потребен и за:
- Правилна работа на хормоните на надбубрежната жлезда: кортикалните хормони
- Подобрување на когницијата и меморијата
- Зајакнување на имунолошкиот систем
- Зачувување на здравјето на простата
ОРГАНИЗМОТ Е ЦЕЛИНА КОЈА ЈОДОТ ЈА ЧУВА:
Јодот е оној последен најмал дел од сложувалката наречена организам кој во целост ја комплетира сликата и без тој дел би се нарушил балансот на зачудувачката природна убавина која ја претставува човековиот организам.
Јодот е како проѕирна мрежа која ги прикрива и шитити сите полиња на здравјето:
- Работа на метаболизмот: Јодот ја стимулира тироидната жлезда за лачење на хормони, не само од тироидната жлезда, туку и од други различни подрачја на организмот. Со излачување на хормоните се регулира работата на организмот, па така правилниот метаболизам подразбира регулирање на процесот на спиење, дишење, јадење и варење на храната. Кога ќе го завртиме магичниот круг, само мал недостаток на јод може да ја сопре целата работа и да го наруши секојдневието.
- Здрава тироидна жлезда: Императивноста на улогата на јодот во функцијата на тироидната жлезда е невозможно да се опише со зборови. Јодот е горивото за работа на тироидата. Јодот е главната состојка во составот на хормоните Т3 и Т4 кои ги излачува тироидната жлезда, а се клучни за правилна работа на метаболизмот. Освен што влијае врз енергијата и развојот, има огромно влијание и врз контрола на крвниот притисок, работа на срцето, тежина на телото и температура. Недостатокот на јод во тироидната жлезда резултира со катастрофални последици по здравјето.
- Нивоа на енергија: Јодот исто така игра важна улога во одржување на оптималното ниво на енергија. Го конторлира внесот на калории и не дозволува истите да бидат претворени во масти.
- Репродуктивен систем: Јодот го потпомага правилниот развој и работа на органите за репродукција. Кај бремените жени е важен за правилен раст и развој на плодот и ја намалува можноста да дојде од неуспешна бременост. Освен тоа, се грижи и за правилен развој на говорот и слухот кај новороденчињата.
- За ослободување од токсините: јодот е филтер кога станува збор за детоксикација на организмот, бидејќи се ослободува од штетните токсини и штити од бактерии во дигестивниот тракт.
- Намалување на тежината: Фантастичен за брзата работа на метаболизмот, јодот помага за побрзо согорување на калориите, а со тоа и поефективно одржување на тежината и без опасност за складирање на масти
- Хипотироидизам: Оваа состојба е позната како намалена активност на тироидната жлезда, што ќе резултира со забавување на функциите на целиот организам. Намалувањето на работата е резултат на недостаток на јод, а главен симптом е подуеноста и наглото покачување на тежината. Ова се јавува, бидејќи нема доволно јод за да се согорат доволно калориите и да се претворат во енергија.
КАКО НАЈЛЕСНО ДО ЈОД?
ПРЕКУ КРИСТАЛНАТА ХИМАЛАЈСКА СОЛ И МОРСКИОТ АНТИОКСИДАНТ ФУКУСОТ
Јодот е присутен во голем број од продуктите во секојдневната исхрана, но нивната апсорпција и комбинација со останатите видови исхрана може да заврши и не толку успешно. Затоа, најлесен и едноставен начин е најприродно да ја внесете во секојдневната исхрана, на суптилен, а ефективен начин со ХИМАЛАЈСКА СОЛ.
Соголена од под вукланската лава на хималајските убавини, розовата кристална хималајска сол е богат извор на точно 84 минерали. Водечки – токму јодот. Изобилува со корисни колични на јод, а веќе е време да стане дел од вашето секојдневие, па затоа обичната, заменете ја со хималајска 100% природна сол. Освен што можете да ја користите во вашето омилено јадење, има неисцрпен извор на можности како сол за капење, за третмани на лицето и сл.
Директно од ризницата на солени бенефити, во ФУКУСОТ ќе го најдете јодот. Фукусот е еден од главните борци против проблемите со тироидната жлеза како хипотироидизмот и гушавоста. Фукусот е морска алга богата со многу витамини и минерали, а најмногу со јод која на најлесен, најефективен и најбрз начин стига до сите делови на човековиот организам. Хипотироидизмот го нарушува нормалниот баланс на хемиски реакции во организмот и доведува со отекување на тироидната жлезда (гушавост) и предизвикување на голем број здравствени проблеми како дебелина, неплодност и болести на срцето. Фукусот ќе ја спречи оваа појава, ако го консумирате како суплемент во исхраната.