Генитални брадавици ~ Кондиломи, дијагноза, лекување & превенција

Гениталните брадавици се високо заразна сексуално пренослива болест, предизвикана од некои суб-типови на хуман папилома вирус (HPV). Се шират преку директен контакт – кожа со кожа, за време на орален, генитален или анален секс со инфициран партнер. 

Брадавиците најчесто се лесно препознатливи симптоми на генитална HPV инфекција. Тие може да бидат предизвикани од типовите 6, 11, 30, 42, 43, 44, 45, 51, 52 и 54 на HPV. Типовите 6 и 11 се одговорни за повеќе од 90% од причинителите на гениталните брадавици. Апроксимативно, 70% од оние кои имаат сексуални контакти со партнер со активна инфекција развиваат генитални брадавици, иако само 1% од инфицираните имаат симптоми, сепак се фактор во ширењето на инфекцијата.

Останатите типови на HPV исто така може да бидат причина за карцином на грлото на матката и веројатно на повеќето карциноми на аналниот канал, иако е важно да се потенцира дека типовите на HPV кои предизвикуваат генитални брадавици не се исти со оние кои предизвикуваат карцином на анусот и пенисот.

Знаци и симптоми

Гениталните брадавици често се јавуваат во збирови и може да бидат мошне тенки или пак да се појават во вид на големи маси кои може да го затворат аналниот канал или пенилната регија. Кај жените обично се јавуваат надвор од вагината, иако може да се развиваат и внатре, на отворот на грлото на матката, во матката, или надвор/внатре во анусот. Обично се почести кај мажите иако симптомите се помалку очигледни. Ретко, но сепак може да се појават во пределот на устата или грлото кај лица кои практикуваат орален секс со инфицирана индивидуа.

super-3-kandida

Терапија

Не постои специфична терапија, односно лек против HPV, но постојат методи за третирање на видливите брадавици. Гениталните брадавици може да исчезнат и без третман, но почесто тие стануваат поголеми и зафаќаат поголема регија.

Обично сите третмани предизвикуваат депигментација и оставаат лузни.

  • 0,15%-0,5% подофилотоксин – раствор или крема, се аплицира во пределот на гениталните брадавици и не се одмива.
  • Имиквимот (Алдара) е типична антивирусна крема.
  • Течен азот – криохирургија.
  • Хируршка ексцизија е најдобра опција за големите брадавици, но исто така остава голем ризик од лузни.
  • Ласерски третман, аблација, се користи како последна опција и е доста скапа метода.
  • Интерферон исто така може да се користи и е доста ефективен.
  • Електрокаутеризација со долговреме на опоравување. Третманот може да побарува општа или спинална анестезија. Ова е хируршка процедура, која е поефективна од криохирургијата.

Подофилинот не треба да се користи за време на бременоста, бидејќи може да се апсорбира преку кожата и може да предизвика развојни дефекти кај плодот.

Превенција

Постои вакцина која се дава како превентива против гениталните брадавици, која ги содржи типовите 6,11,16, 18… Но не е ефективна против останатите типови на HPV. Се среќава под името Гардасил. Таа е прифатена од многу земји, иако постојат контроверзности околу нејзината употреба.

prodazni-mesta-nature-essential1