Речиси секоја жена во одреден период од животот развива стрии. Останатите, едноставно, немаат генетска предиспозиција
Состојки:
• 1/4 чаша какао или шеа путер
• 1 лажичка масло од пченични никулци
• 1 лажичка масло од сусам
• 1 лажичка семки од кајсија
• две капсули витамин Е
• две лажички пчеличен восок
• 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Сите состојки, освен екстрактот од ванила, ставете ги во тенџере на тивок оган се додека смесата не се растопи. Потоа, тргнете ја смесата од оган и додајте го екстрактот од ванила. За крај оставете ја смесата да се олади.
Овој домашен лек можете да го употребувате секојдневно, на проблематичните места.