Направете го најдобриот домашен гел против подочници и брчки

Брчките околу очите и подочниците се чест проблем во поодминати години. Жените користат разни лосиони за затегнување на кожата, која поради староста ја изгубила еластичноста.

Неможеме да кажеме дека лосионите немаат ефект, но денеска ќе ви презентираме потполно природен домашен рецепт кој според многумина е ефикасно решение против набраната кожа околу очите.

Потребни состојки:   

  • 2 лажици мед 
  • 100 грама дестилирана вода  
  • 1 лажица желатин 
  • 1 мала лажичка лимонов сок  
  • Чист празен сад   

Подготовка: Дестилираната вода ја ставаме да зоврие. Откако ќе почне да врие ја тргаме од оганот. Во топлата вода го ставаме желатинот, медот и лимоновиот сок. Мешаме се додека смесата не стане хомогена. Ја ставаме во чист сад кој може добро да се затвори. Со гелот редовно правете масажи на подочниците, најдобро навечер. На многумина овој рецепт им помогнал, па се надеваме дека ќе ви помогне и на Вас.