Хемороиди за време на бременоста, лекување & превенција

Хемороиди за време на бременост – кој е најдобриот третман?

Што може да се направи за да се третираат хемороидите за време на бременоста?

Хемороидите се болни, потечени вени во анусот и ректумот. За да се олесни болката од хемороидите за време на бременоста:

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Седнете во топла вода

Наполнете ја кадата со обична топла вода и седнете. Правете го ова неколку пати на ден.

 Употребете мраз

Аплицирајте мраз или ладни компреси на анусот неколку пати на ден за да се намали отокот.

 Избегнувајте долготрајно седење

 Долготрајното седење предизвикува притисок на вените во анусот и ректумот. Кога сте во можност легнете на страна или станете. Ако мора да седите, правите чести паузи.

 Одржувајте ја аналната регија чиста

Влажни марамчиња се подобри отколку сува тоелетна хартија. Одберете бренд кој не содржи парфем или алкохол – или користите медицински марамчиња кои се наменети за луѓе со хемороиди.

 Пробајте со лек на рецепт

 Консултирајте се со матичниот лекар да ви препише крема за хемороиди која е безбедна во текот на бременоста.

Имајте на ум дека констипацијата (запекот) е главниот виновник за хемороидите за време на бременоста. За да ја олесните констипацијата:

  •  Конзумирајте храна богата со целулозни влакна

  •  Пијте многу вода и други течности
  •  Вклучете ја физичката активност во вашата дневна рутина
  •  Консултирајте се со матичниот лекар за лекови кои ја олеснуваат дефекацијата

Ако овие совети не ви помагаат, или ако се влоши ситуацијата со хемороидите, консултирајте се со вашиот лекар.