Состојки:
- 8 лажици ладен путер,
- еден филџан интегрално брашно,
- еден филџан пченично брашно,
- 2 ¼ лажички прашок за печиво,
- 1/4 лажичка сода бикарбона,
- 1/2 лажичка сол,
- 3/4 филџан млеко,
- 1 ½ лажица сусам.
ПОСТАПКА:
1. Загрејте ја рерната на 250 ° C. На тавата ставете хартија за печење или тавчето лесно намачкајте го со масло.
2. Во мало тенџере загрејте 2 лажици путер и оставете го настрана. Други 6 лажици исечете ги на помали парчиња.
3. Во еден сад, измешајте ги заедно интегралното брашно, пченичното брашно,солот, сода бикарбона и прашокот за печиво. Додадете путер и мешајте додека не добиете тврда смеса. Додадете млеко и нежно промешајте ја смесата .
4. Ставете го тесто на побрашнета маса и месете полека неколку секунди. Расукајте го тестото на дебелина од околу 2 см и со чаша отстранувајте ги круговите кекс.
5. Ставете ги кексите на хартија за печење,со четка премачкајте ги со путер кексите . На секој кекс ставете сусам. Се пече 12-15 минути на средна температура додека не добијат светло кафена боја. Служете ги топли.
- Порции: 10,
- Подготовка:12 минути,
- Печење: 15 минути,
- Вкупно:27 минути.