Пожелно е да имате 4-5 мали оброци на ден, базирани на здрава храна со малку масти.
Новиот и многу популарен начин за намалување на телесната тежина подразбира јадење јаболко пред секој главен оброк.
Бидејќи ова овошје е богато со растителни влакна, јаболкото може лесно да ве засити, а освен што ќе јадете помали количини на храна во секој оброк, драстично ќе ви се намали и желбата за слатки.
Пожелно е да имате 4-5 мали оброци на ден, врз основа на здрава храна со малку масти. Секој оброк или ужина треба да содржи протеини, бидејќи е докажано дека оваа комбинација го намалува апетитот и го подобрува губењето на тежината.
Лицата што ја практикуваат оваа диета се охрабруваат да земаат многу овошје и зеленчук и да го намалат вкупниот внес на калории, а да не чувствуваат глад.
[rpi]
Пример на мени:
Појадок
Јаболко
Омлет со сирење без масти
Една чаша варен овес
Утринска ужина
Едно парче на ниско-масно сирење
Чаша ниско-масен јогурт
Ручек
Јаболко
Пилешки гради на скара
2 чаши брокула варена на пареа
Една шолја кафеав ориз
Попладневна ужина
Капучино шејк
Вечера
Јаболко
Лосос на скара
Марула