Со оваа диета се избира храна со низок ГИ затоа што резултира со минимално покачување на гликозата во крвта, а ситоста трае подолго време.
Прекумерното внесување на јаглени хидрати може да резултира со синдром на инсулинска резистенција во крвотокот, што доведува до нарушување на варењето на храната, додека телесната тежина се уште расте. Овој проблем може да се реши со тоа што исхраната ќе биде врз основа на гликемискиот индекс (ГИ) на храната. Овој тренд со години го следат Хали Бери и Џулија Робертс.
Здравите намирници, како што се јаболката, имаат низок ГИ, а чоколадна торта висок. Добро е да се знае дека сирењето и путерот од кикирики имаат низок ГИ , а оризот, компирите и лебот содржат многу јаглени хидрати и затоа имаат висок ГИ. Некои видови на храна со малку маснотии имаат висок ГИ затоа што малиот процент на масти се компензира со скриени шеќери.
ГИ диета не е навистина диета, во вистинска смисла на зборот, туку е здрав начин на живот. Така во последно време исхраната во која се грижиме за здравиот однос на протеини, јаглени хидрати, кои лесно се разградуваат и здрави масти ги потиснуваат диетите со малку масти и оние во кои се консумираат многу јаглени хидрати. Со ГИ диетата се консумира повеќе високо квалитетно посно месо и риба и така се обновува снабдувањето со енергија.
Работниот ден на повеќето е таков што не внесуваат протеини. Таквиот начин на исхрана не му дава на телото енергија и лошо влијае на концентрацијата. Многу луѓе јадат неколку часа пред спиење, кога храната веќе не им е потребна. Затоа, важно е протеините да се јадат за појадок , а не за ручек .
Не е потребно целосно да се откажете од тестенини и леб, но ако навистина сакате да изгубите на тежина, ќе треба да јадете што помалку. Јаглените хидрати самите по себе не се лоши, но премногу често ги јадете.