Диета со кефир – слабејте брзо со помош на овој магичен пијалак

Исхраната со кефир е една од најпопуларните диети за брзо губење на тежината. Која е тајната на нејзината популарност?

Пред се, причината е кефирот, еден од најкорисните млечни производи кои се користат како превентива, но и во терапевтски цели. Вистинскиот домашен кефир, има смирувачки ефект врз циркулацијата и нервниот систем. Тој е богат со витамини и минерали, помага во работењето на дебелото црево, го лечи телото и ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите. Покрај тоа, исхраната базирана на кефирот помага многу лесно да се изгуби вишокот на килограми. Уште една посебна предност на кефирот е ниска содржина на јаглехидрати. Повеќето експерти се согласуваат дека најчеста причина за вишокот на тежина е прекумерното внесување на јаглехидрати. Значи, ако јадете кефир, ќе го решите овој проблем.

ИСХРАНА СО КЕФИР

Постојат многу варијанти на исхрана со кефир. Сите се базираат на дневниот внес на кефир, но се разликуваат во бројот на дополнителни производи и времетраење. Се разбира, и килограмите кои ќе ги изгубите. Долните диети се „проверени“ со домашен кефир (неспоредливо подобар од оној што го купувате), а повеќе информации за тоа како да го најдете на дното од страницата.

ИСХРАНА СО КЕФИР – ИЛИ ДИЕТА КАКО ДА НЕ СТЕ НА ДИЕТА

Исхраната е предвидена за 3 дена и не повеќе од тоа. Тежината која можете да ја изгубите со оваа диета зависи од индивидуалните карактеристики на организмот, а обично е околу 2 кг.

1

ПОЈАДОК

Предлог 1 : 2 пржени јајца, салата од мала краставица, кафе со лажица млеко ;

Предлог 2 : Гриз / палента и кисело млеко ;

Предлог 3 : Јајце, еден тост со путер, чај со мед

УЖИНКА

3 дл. домашен кефир

2

РУЧЕК

Предлог 1 : Пилешка супа варени моркови и пилешки гради (100 гр.), салата од цвекло, парче леб

Предлог 2 : Чорба од печурки, чорба од компири и месо (околу 3 дл.) и салата до зелка.

УЖИНКА

3 дл. домашен кефир

3

ВЕЧЕРА

Предлог 1 : Риба од скара (150 гр), зелена салата и билен чај;

Предлог 2 : Поголем печен компир, чај со мед.

ОВОШНА ДИЕТА СО КЕФИР – ОДЛИЧЕН ДЕТОКСИКАТОР

Дневно треба да се пијат 1,5 – 2 литри кефир од обезмастено млеко и да се јаде овошје и зеленчук (може и лесно термички обработено) во доволни количини за да се задоволи гладот. Со оваа диета, можете да изгубите 2 – 3 килограми за три дена.

ДИЕТА СО КЕФИР И ЈАБОЛКО – ТЕШКА ДИЕТА ЗА ПОДГОТОВКА НА НОВАТА СЕЗОНА

Кефир – јаболко диетата трае 7 дена. Во текот на оваа диета се менуваат деновите со кефир. и јаболко. Можете да испиете 1,5 литри кефир или да изедете 1,5 кг јаболка на ден. Ова е прилично строга диета и не се препорачува во текот на зимата, туку во текот на преодот од една сезона во друга. Да речеме, пролет – лето и лето – есен. Губењето на тежината е значително : до 6 килограми за 7 дена