Магични диети со ананас

Ананас – диетата може да биде доста ефективна, единственото нешто што е потребно, е посебен пристап. Ананасот содржи емзими, кои активно се борат против наталожување на мастите и ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Исто така, позитивно влијае на цревниот систем и панкреасот. Содржи многу малку калории ( околу 50 ) и висока количина на калиум, што помага при отсранување на вишокот течности во во телото. Ова овошје содржи многу значајна супстанца – бромелин, којшто е одличен согорувач на масти.

Дводневна диета со ананас

Потребни се 2 кг. свеж ананас и 1 литар сок од ананас без шеќер. Ананасот да биде исечкан на парчиња и да се подели на 4 порции – доручек, ужина, ручек и вечера. Во текот на денот, да се испие литар сок од ананас.

Со оваа дводневна ананас – диета, можете да изгубите 2 кила без да се загрози здравјето.

Диета на база на протеини и ананас

Во прилог на кратките диети, можете да ја испробате и диетата на база на ананас и протеини, којашто е наменета за 2 недели. Во оваа диета, покрај ананас, можете да консумирате и месо, печурки, зеленчук и овошје.

Едноставен оброк за еден ден:

  1. 600 – 700 грама ананас;
  2. 200 – 300 грама месо или печурки;
  3. Зеленчук или овошје.

Месото треба да е приготвено без масло.

Мора да се елиминираат мастите и да се ограничи конзумацијата на јаглехидрати. За две недели, со оваа диета, ќе загубите 3 – 5 кг.

Петдневна диета со ананас

Следниот метод за губење килограми е диетата на база на ананас, наменета за пет дена. Во текот на денот консумирате 2 литра вода, минерална или обична, планински или овошни чаеви. Треба да се јаде 4 пати на ден. Доручекот останува ист за сите денови.

Мени за еден ден:

Доручек:

  • 100 грама ананас, 100 грама безмасен јогурт и овесни снегулки.
    или
  • Јајца, тост од ‘ржан леб со путер и саломон, 50 грама ананас.

Ручек:

  • Компир, сирење, 100 грама ананас,
    или
  • Салата со ракчиња ( 100 грама ) и ананас ( 100 грама )

Вечера:

  • 100 грама ориз, 100 грама ананас.
    или
  • Пилешка салата и 100 грама ананас

Предности на диетата:

Чувството  на глад е многу ретко. Елиминрање на токсините од цревата и бубрезите.

Можни последици:

Диетата може да биде контадиктoрна кај луѓе кои боледуваат од чиреви и имаат проблеми со желудечниот сок. Огромната количина на киселина може да им наштети и на здрави луѓе, такашто треба да знаете кога да престанете. Кај некои луѓе сокот од ананас може да предизвика алергија. Не смеете да ја применувате диетата подолг временски период и откако ќе се вратите на нормалната исхрана, тежината обично се враќа многу брзо.