Спанаќот е достапен во текот на целата година, а пролетта е идеалното време за уживање во овој зеленчук, бидејќи младиот спанаќ има одличен вкус и не е тегав.
Изобилува со витаминот К, кој покрај останатото е одличен и за коските.
Како и повеќето пролетни плодови младиот спанаќ е одличен извор на витаминот Ц и калиум. Исто така тој содржи и фолна киселина и железо. Тие кои се сеќаваат на Попај кој своите мускули ги зајакнуваше со спанаќ, убедени се дека токму железото од спанаќот го направи силен. Навистина, спанаќот содржи значајни количини на железо, но содржи материи кои ја отежнуваат апсорпцијата на железото.
Зелената боја се должи на хлорофилот .кој е од исклучителна важност за детоксикацијата, бидејќи одамна се смета за чистач на црниот дроб и крвта.
Дополнителната предност на спанаќот е неговата ниско калоричност, бидејќи во 100 гр има само 25 калории.
Спанаќот можете да го јадете со тестенини, сосови, пити или можете да експериментирате по желба. Кога станува збор за детоксикација, се препорачува да уживате во салатите од млад спанаќ, додавајќи сок од лимон. Можете да додадете многу состојки како козјо или кравјо сирење, ореви семки и маслиново масло. Посебно се препорачува јаболкото, бидејќи благодарение на пектинот, влакната од јаболката чистењето ќе биде целосно.