Лицето кое стана неизбежно во модните кампањи и кое во последно време често ни се насмевнува од насловните страни на модните списанија е убавото лице на Лупита Нионго, ѕвездата од филмот “12 години на ропство.”
Уште едно издание во која Лупита блескаше е кампањата на ESSENCE списанието за месец март, во кое во фокусот е изглед со шарена пролетна шминка .
Светлите бои на Лупита изгледаат неверојатно , како и фустаните на Вера Ванг, Кетрин Шнеиби и накитот на Aлеандро Море, за чиј стајлинг се погрижи Ник Нелсон, додека фотографиите се потпишани од Филип Саломон.
Со ваква брилијантна шминка, тешко е да се чекаат првите топли зраци на сонцето.