Ви презентираме пример на диета со внесување на 1300 калории на ден, точно толку колку што е доволно да ослабете 4 килограми за еден месец. Оваа диета и е позната на јавноста како омилената диета на Лејди Гага која ја практикува пред почетокот на секоја нејзина турнеа.
ПОНЕДЕЛНИК
Доручек – Шоља со зелен чај или обезмастено млеко со снегулки.
Ужина – Една јаболка
Ручек – Салата зачинета со лажичка маслиново масло, 60 гр. (за мажите 80 гр.) интегрални тестенини со домати и парче интегрален леб
Ужина – Чашка немрсен јогурт
Вечера – Орада, морска риба од Јадранското Море од семејството кантари (150 гр.) со тиквички и салата зачинета со две лажички маслиново масло
ВТОРНИК
Доручек – Шоља кафе, четири парчиња двопек со џем
Ужина – Чаша свежо исцеден сок од портокал
Ручек – Супа од зеленчук и мешунки со две лажички маслиново масло и рендано пармезан сирење и парче интегрален леб
Ужина – Чаша сок од грејпфрут
Вечера – 150 гр. печено телешко месо со спанаќ варен ана пареа, чаша црно вино или сок од свежо исцеден или изблендиран сок.
СРЕДА
Доручек – Шоља чај, две парчиња ’ржен леб
Ужина – Една круша
Ручек – 70 гр. (за мажите 100 гр.) интегрални тестенини со печурки, зелена салата зачинета со лажичка маслиново масло, парче интегрален леб
Ужина – Чаша сок од јаболки
Вечера – 80 гр. свежо немрсно сирење (за мажите 100 гр.), печени тиквички и домати зачинети со две лажички мсалиново масло
ЧЕТВРТОК
Доручек – Шоља кафе или обезмастено млеко со житни снегулки
Ужина – Една јаболка
Ручек – Вариво од јачмен и мешунки, сиров анасон, парче интегрален леб
Ужина – Чаша сок од грејпфрут
Вечера – 150 гр. пилешки или мисиркини гради пржени без маснотии, мешана салата зачинета со две лажички маслиново масло, чаша сок од свежо овошје
ПЕТОК
Доручек – Шоља чај или обезмастено млеко со житни снегулки
Ужина – Едан круша
Ручек – 70 гр. (за мажите 100 гр.) тестенини со брокули зачинета со две лажички маслиново масло и парче интегрален леб
Ужина – Чаша обезмастен јогурт
Вечера – 150 гр. (за мажите 200 гр.) бела риба со зачинети билки готвени на пареа, чаша црно вино или сок од свежо овошје
САБОТА
Доручек – Шоља зелен чај, три парчиња двопек со џем од сливи
Ужина – Сок од јаболки
Ручек – Мешана зелена салата, пченка, моркови, домати, пченични никулци и туна во вода, сето тоа зачинето со две лажички маслиново масло
Вечера – Две (за мажите по три) тврдо варени јајца со потпечен зеленчук, зачинет
со две лажички маслиново масло, чаша црно вино или сок од свежо овошје.
НЕДЕЛА
Доручек – Шоља кафе и две парчиња интегрален леб
Ужина – Чашка немрсен јогурт
Ручек – 60 гр. (за мажите 80 гр.) тортелини во сос од домати, зелена салата зачинета со лажичка маслиново масло, парче интегрален леб
Ужина – Овошен сок
Вечера – 150 гр. печено пилешко, варени мешунки зачинети со маслиново масло
ДОДАТОЦИ
Дневно се дозволени две лажици од екстра девственото маслиново масло. Производите засладете ги со фруктоза, јаворов сируп или друга замена за шеќерот кој го конзумираме. Во текот на денот испијте најмалку 1,5 литри вода, но и намалете го кафето.