Хранливи маски за лице, а за нивната подготовка нема да ви биде потребно многу време и пари.
Шеќер за пилинг на телото
Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку и направите пилинг кој ќе ја подмлади. Покрај тоа овој пилинг ја поттикнува циркулацијата. Пире од тиква и цимет во комбинација со кафеавиот шеќер ќе биде вистински мирисен мелем.
Измешајте пола филџан пире од тиква со иста количина кафеав шеќер. Додадете ¼ лажица мелен цимет па добро измешајте. Смесата лесно втријте ја на телото а потоа измијте се.
Маска од брусница
Брусницата е богата со витамините Ц и К, и содржи антиоксиданси кои вашата кожа ќе ја направат да изгледа младешки, па дури и ќе ги намали темните кругови околу очите, односно ќе ги направи помалку видливи. Таа е, исто така, природен тонер за лицето, а кога се комбинира со мед и јогурт, добивате маска совршена за мазно лице.
Ви треба десетина свежи изгмечени брусници, лажица мед и лажица обичен јогурт. Сите состојки, се мешаат и се нанесува маската на лицето со кружни движења. Исто така избегнувајте го пределот околу очите. Оставете да делува маската околу 15 минути, а потоа измијте ја.