Најчестите грешки кои ги прават жените додека вежбаат

Иако можеби ви останало малку време и едвај успеавте од работно одело да се пресоблечете во тренерки, сепак одвојте уште малку време за да ја симнете шминката. Таа може многу да и наштети на кожата додека се потите. Ова се главните причини зошто не е добро да се вежба со шминката, и неколку совети за лицето, пред, за време и по вежбањето.

Тешките пудри и шминка ги затвораат порите

„Полесна“ шминка ќе ви се разлее по лицето штом ќе почнете да се потите. Тоа нема привлечно да му делува на момчето кое вежба во ваша близина. Маскарата, дури и онаа водоотпорната, исто така не е добра идеја, бидејќи  може да ви влезе во окото. Не ви треба ни црвенило, затоа што со вежбањето ќе постигнете природна боја на лицето, велат дерматолозите. Со оглед на тоа дека вашите пори се отвораат во текот на вежбањето, не би сакале да и го спречите дишењето на вашата кожа со нанесување на тешка шминка. Средствата кои содржат микронизирани честици може да делуваат иритирачки и да доведат до нечистотија на кожата, бидејќи честиците се доволни мали за да влезат во отворените пори. Идеално би било лицето пред тренинг да го исчистите со средство за чистење кое не содржи сулфати и вештачки мириси, за да избегнете сушење и воспаление на кожата.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Потењето може да го олесни чистењето на порите

Топлината и потењето ја загреваат кожата. Поради тоа, порите на кожата полесно се чистат од материјал со кои се затнати, особено ако направите лесен пилинг додека се туширате, по вежбањето. За тоа може да користите некое средство за чистење или едноставно истријте ја кожата со пешкир. Истиот принцип го применуваат и козметичарките, кога со пареа ви го загреваат лицето пред чистење.

Лицето слободно избришете го со маицата 

Разликуваме два вида на потење. Првото е познато како термално, а основна цел е да се намали телесната температура, на пример во текот на физичките активности. Го лачат екрилни жлезди. Другиот вид е потење кое се појавува при стресно или емотивно потење. Често се нарекува и „ладно“ потење, бидејќи не е поврзано со околната температура, па може да се појави и во разладени простории. Стресните ситуации поттикнуваат вообичаена низа на реакции : срцето работи побрзо, дотурот на крв во мускулите се засилува, а хормонот адреналин се излачува во крвта. Адреналинот доведува до потење, главно под мишките, но и на табаните, дланките и на лицето. Посебен вид на потни жлезди, наречени апокрилни жлезди, стануваат активни и лачат материја со која се хранат бактериите на кожата. Резултатот е непријатен мирис, многу појак од оној при вообичаеното потење. Потењето од екрилните жлезди е само вода и е прилично чисто. Од друга страна, пак, потта од апокрилните жлезди содржи бактерии и затоа има непријатен мирис. Иако не го сакаме тој мирис, сепак е здрав за нашата кожа. Тоа што користиме средства за неутраулизирање на мирисот, сепак е од социјално прифатливи причини, не од здравствени. Чувството кај луѓето што го имаат за потењето, често го мешаат со чувството кое го имаат кога допираат мрсна кожа. Но, експертите не уверуваат дека не се работи за иста работа. Поради вежбањето ќе се потите, но излачувањето на себумот нема да биде поголемо. На неговото лачење влијаат генетиката и хормоните. Нема да добиете акни затоа што вежбате. Сепак, обидувајте се да не се допирате по лицето за да не се пренесат бактериите од облеката и опремата на него. По вежбањето измијте го лицето.

Размислете за користење на пешкир и шампон

Пешкирите во вежбалните може да изгледаат чисто, но често ги перат со мирисни детергенти и омекнувачи. Доколку пешкирите не се менуваат често или неисправно се одржуваат, во нив може да се насоберат бактерии. Опасноста од бактерии постои и дури ако го користите својот пешкир, затоа што може да влегле преку влакната од околината каде сте вежбале. Не заборавајте да облечете апостолки додека се туширате. Имено, и во најчистите објекти, местата кои се топли и влажни, може да бидат извор на зараза, како на пример габи. Некои вируси можат да живеат и по 20 месеци во такви простории. Бидете нежни кон својата кожа. Не ја тријте со пешкир претерано, а наместо со топла, туширајте се со млака вода. Би било добро доколку носите свој шампон, благ и неутрален, често се анти – бактериски средства, кои можат да ја иритираат кожата. Ако ја миете косата, по миењето измијте го лицето за да ги тргнете остатоците од производот. Ако пак, сте во брзање, и не ја миете косата по вежбање, потрудете се да користите шампон за суво миење и потоа соберете ја косата во пунџа, за да не ви допираат маснотиите и нечистотиите на лицето. Ако користите специјални производи за нега на лицето, почекајте десет минути пред да ги нанесете, за да има време телото да се врати во нормала.

Постојат трикови кои ќе ве направат поубави во вежбална

Зачешлајте ги веѓите нагоре, соберете ја косата во опавче и нанесете сјај за усни во боја за да изгледате дотерано. Ќе ви помогне да не ја облечете износената тренерката од брат ви. Ќе се чувствувате подобро и нема толку да ви смета што немате шминка. Нанесување на хидратантна крема непосредно пред тренинг и не е толку паметно, бидејќи нема доволно да впие, а може и да се стопи и да ви влезе во очи. Исклучок е секако ако вежбате на отворено. Тогаш ќе ви треба крема за сончање, прилагодена на спортските активности. Хидратантната крема нанесете ја веднаш по туширање, за да се задржи влажноста. Но, за нанесување на шминка треба да почекате да се олади телото, бидејќи шминката ќе се растопи.