Иако изгледаат симпатично, пегите се знак дека нешто не е во ред со твојата кожа

Кога станува збор за нега на кожата, постојат милиони препарати, креми, лосиони, серуми…и дефинитивно е тешко човек да се одлучи што да избере. Негата на кожа е многу важна, како однадвор, така одвнатре. Понекогаш скапите креми не вршат многу работа, потребно е секојдневно внесување витамини и минерали кои покрај што го хранат организмот, ја хранат и кожата. Не дозволувајте и предвремено стареење и оштетување на вашата кожа и бидете горди секој пат кога ќе излезете од дома. Ви се допаѓаат ли пегите кај луѓето? Мене да и секогаш ми биле многу симпатични, всушност и јас имам по неколку. Но сте размислиле ли дека тие може да се знак на оштетена кожа, знак дека имате некој недостаток од клучни витамини и минерали, знак дека нешто не чини одвнатре? Појавата на пегите дефинитивно е знак дека нешто не е во ред со вашата кожа и време е да преземете некои мерки за заштита на вашата кожа и за нега која вашата кожа ја заслужува.

Пеги, темни дамки, лузни, брчки…? Иако се неизбежни во одреден период од животот, тие го прават тенот на кожата нерамномерен. На пазарот постојат многу производи за осветлување на кожата, но не сите се ефикасни и безбедни. Хиперпигментацијата или темните дамки можат да бидат предизвикани од лузни од акни, прекумерна изложеност на сонце или хормонални промени

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Природни решенија
Во поголем процент од производите кои содржат природни состојки за осветлување на кожата, вообичаено седржат:
витамин Ц
бета каротен
екстракт од калинка
алое вера
азелаична киселина

Како да ги спречиш овие дамки? 
За повеќето луѓе, ефектите на производи за осветлување на кожата се минимални кога се споредуваат со ризиците. Избегнување на оштетување на кожата на прво место е најдоброто решение. Строгата заштита од сонце е клучна за избледување темни дамки. Интересни совети и корисни опции би се добиле и од дерматолог.

Витамините се од суштинско значење за здравјето на кожата
Недостатоци од витамини и минерали, клучни за кожата може да предизвикаат несакани ефекти, бидејќи се од суштинско значење за вашето здравје на кожата и за здравјето на кожата и телесни функции. Бидејќи витамините Ц и Е играат важни улоги во заштитата на вашата кожа од сонцето, недостатоците може да го зголемат ризикот од оштетување на кожата, вклучувајќи го и рак на кожата. Според Центрите за контрола на болести и превенција, ракот на кожата е најчестиот тип на рак во САД