Како да го подобриш имунитетот на кожата за да не се оштети и збрчка пред време?

Нека не те чуди ако после настинка или бурен период исполнет со многу обврски, слаба исхрана и малку сон, кожата на твоето лице ти делува безживотно. Почнале да ти се познаваат сите брчки, образите и брадата ти свиснале надоле, а подочниците ти помодреле.

При вакви услови, кожата станува чувствителна на надворешните агресори како УВ зраци и згадување, па е подложна на хиперпигментација и предвремено стареење.

Доколку почнеш да работиш на својот имунитет комбинирајќи здрава храна, суплементи и многу витамин Ц, твојот организам ќе се врати на старо, а тоа ќе стане видливо и на кожата на лицето.

Но, да бидеме реални, за тоа треба многу време. Ако сакаш побрзи резултати, освен на базичниот имунитет, почни да работиш и на имунитетот на кожата со цел да ја зацврстиш нејзината одбрана од сите фактори кои се обидуваат да го загрозат нејзиното здравје и изглед.

Тоа ќе го постигнеш со истата состојка по која прва посегнуваш кога си болен – витаминот Ц или најмоќниот антиоксидант без кој не може ниту телото, а уште помалку кожата.

Ако го внесуваш преку храната, го пиеш како додаток во облик на суплемент и плус нанесуваш Dr. Viton – Vitamin C Serum, бидејќи е производ што содржи највисока концентрација на витаминот, твојата кожа ќе се регенерира пред да трепнеш.

Витаминот Ц како најмоќен антиоксидант на планетата, делува на ист принцип на кожата како што делува и во организмот, имено, влегува во директен дуел со слободните радикали кои ги напаѓаат клетките на кожата и кои предизвикуваат оксидативен стрес.

Слободните радикали се оние кои предвреме ја стареат кожата, а патем поттикнуваат низа состојби како хиперпигментација, акни, дехидратација.

Структурата и цврстината на кожата се должи на колагенот што клетките сами го создаваат. Но, со годините продукцијата на колаген опаѓа при што се создаваат фини линии, брчки, а кожата го губи својот волумен и контури.

Во однос на колагенот, витаминот Ц делува на два принципи:

  • Прво, ја поттикнува продукцијата на колаген.
  • Второ, како моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали, витаминот Ц ја спречува деградацијата на клетките кои ги создаваат клучните компоненти за кожата како колаген.

Како моќен антиоксидант се справува и со слободните радикали кои поттикнуваат воспалителни процеси на кожата, па таа завршува со акни. Витамин Ц го смирува воспалението, го смирува црвенилото од самото воспаление, го влече гнојот од акните и ја штити кожата од идни воспаленија. Бидејќи поседува и некомедогени својства, може да спречи и појава на митесери кои настануваат кога маслото во порите ќе оксидира.

Благодарение на избелувачките својства и својствата да го лекува оштетеното ткиво, витаминот Ц го изедначува тенот од сите состојби со кои се соочила кожата како лузни, лузни и флеки од акни, флеки од сонце.

Dr. Viton – Vitamin C серумот е најдобрата поддршка за имунитетот на твојата кожа!

Dr. Viton Vitamin C Serum  можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

можеш да го нарачаш онлајн на 

https://alfalab.mk/proizvodi/vitamin-c-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

Dr. Viton Vitamin C Serum ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!