„Високиот холестерол е опасен!“
„Води сметка за холестеролот!“
Ова се само некои од советите кои можеш секојдневно да ги слушнеш од страна на лекарите. Но, што е холестерол и зошто е важно да се води сметка за неговите вредности?
Во повеќето случаи, зголемениот холестерол е „тивок“ проблем кој вообичаено не предизвикува никакви симптоми. Многумина и не сфаќаат дека имаат висок холестерол додека не развијат сериозни компликаци, како што се срцев или мозочен удар.
Повремената проверка на нивото на холестерол и триглицериди во крвта е еден вид на превенција, но дефинитивно клучот лежи во редовната грижа и одржувањето на нормално ниво на овие параметри.
Спирулината е докажана природна состојка која ако редовно се консумира одржува здраво ниво на холестеролот, но и на триглицеридите. Истовремено со Spirulina San Sebastian ќе го подобриш метаболизмот, природно ќе го детоксицираш и исчистиш телото и ќе му овозможиш на црниот дроб да работи правилно и навремено.
Бројни студии ја испитувале спирулината во лекувањето на одредни болести и докажано е дека може да помогне во подобрување на липидниот профил со зголемување на нивото на ХДЛ (добриот холестерол), а намалување на ЛДЛ (лошиот холестерол), вкупниот холестерол и триглицеридите.
Со редовна употреба на органската спирулина на Spirulina San Sebastian ќе одржиш здраво нивото на холестерол и триглицериди.
На твоето тело му е потребен холестерол. Тој игра витална улога во твојата способност да изградиш здрави клетки и телото без него не може да функционира. Тој е вид на липид и црниот дроб постојано го произведува. Од витално значење е за формирање на клеточните мембрани, одредени хормони и витамин Д.
Со оглед дека не се раствора во вода, не може да патува низ крвта и за таа потреба, твојот црн дроб произведува липопротеини кои го транспортираат холестеролот. Две главни форми на липопротеините се: липопротеин со мала густина (ЛДЛ) и со голема густина (ХДЛ).
Кога холестеролот е висок и не се третира, може да доведе до таложење на наслаги во артериите. Со тек на време тоа може да ги стесни артериите и се јавува состојба позната како атеросклероза. Таа го ограничува протокот на крв и го зголемува ризикот од развој на опасни крвни згрутчувања (тромб).
Атеросклерозата може да резултира со многу компликации опасни по живот, како:
- Мозочен удар
- Срцев напад
- Ангина пекторис (болка во градите)
- Висок крвен притисок
- Болест на периферните садови
- Хронична бубрежна болест
Холестеролот не бира кого ќе нападне, затоа одржувај го неговото ниво нормално и здраво со Spirulina San Sebastian.
San Sebastian Spirulina производите можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
San Sebastian Spirulina можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/san-sebastian-spirulina/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)