Има луѓе кои одлично се снаоѓаат во сопствениот хаос и тоа е најдобриот начин да функционираат. Но, за останатите обични смртници е најверојатно потребно да знаат во секое време од денот каде им се клучевите од колата или оние документи кои ги имаа во раката утрово. Затоа, ако сте од оние кои не можат да живеат во сопствениот креативен хаос, не грижете се. Еве неколку мали трикови кои ќе ви го олеснат организирањето во домот.