Додека надвор снежи, а вие седите на топло, покрај камин и огнот ви ги топли стапалата, добро друштво ви го топли срцето, потребна ви е вистинска љубов што ќе ви ја стопли душата и телото. Одлично сервирани, со шлаг и цимет, заносен мирис и јак вкус – 3 рецепти за фантастични топли пијалаци за студени ноќи.
Топло чоколадо и ананас
Потребно:
- Вашето омилено топло чоколадо подготвено со млеко
- Водка со вкус на цимет и ананас
- Мини маршмелоу
- Течно чоколадо
- Цимет за декорација
Подготовка:
Во чаша, ставете водка и топло чоколадо во однос 1:3. Постипајте со мини маршмелоу и додадете течно чоколадо и цимет.
Црна цреша виски
Потребно:
- 350мл. Млеко
- 5 лажици прашок за топло чоколадо
- 60мл. Jim Beam Red Stag Black Cherry Bourbon
- шлаг
Подготовка:
На тивок оган ставете ги млекото и топлото чоколадо. Мешајте да се стопли, соедини, но не да врие. Ставете по 30мл виски во секоја чаша.(рецептот е за 2 чаши). Додадете го топлото чоколадо, ставете шлаг и декорирајте.
Топло чоколадо со јаткасти плодови
Потребно:
- 250мл топло чоколадо
- 20мл Amaretto
- 250гр. шлаг
- Различни јаткасти плодови за декор
Подготовка:
Направете го омиленото топло чоколадо. Ставете Amaretto и шлаг во еден сад и мешајте, а потоа додадете го врз топлото чоколадо и декорирајте по желба. (рецептот е за 2 чаши)