5 овошки кои ги топат килограмите

Уживајте во вкусното овошје и намалете ги килограмите – има ли нешто подобро?

АВОКАДО

Авокадото содржи големи количини на омега-9 масните киселини,  го забрзува претворањето на мастите во енергија, и ја подобрува стапката на метаболизмот.

ЛИМОН

Одржувањето на здравјето на црниот дроб е императив за способноста на телото да ги обработува и согорува мастите, бидејќи црниот дроб е еден од органите кои се одговорни за овие функции. Тука лимонот го има своето влијание: Тој ви помага во детоксикација на црниот дроб со што се одржува неговото здравје. Покрај тоа, лимонот има голем број на бенефиции за целокупното здравје.

КОКОС

Кокосот е богат со среден синџир триглицериди, со што се зголемува стапката на метаболизмот на црниот дроб и до 30 проценти. Покрај тоа, тој е многу заситувачки и е помалку веројатно дека ќе посегнете по нездрави грицки.

ГРЕЈПФРУТ

Голем број на студии потврдиле дека грејпфрут е одлично овошје за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Една таква студија покажала дека жените кои секојдневно консумираат грејпфрут , во период од тринаесет месеци, успеале да  изгубат 10 кг  без некои големи промени во исхраната и начинот на живот.

ДОМАТИ

Преполни со витамин Ц и ликопен, доматите го стимулираат производство на амино киселината позната како карнитин. Истражувањата покажуваат дека  карнитинот го забрзува согорувањето на телесните масти и тоа за една третина.