Стресот на работа е неподнослив? Еве како да се справиш со него!

Стресот на работа честопати речиси и да не се поднесува, тој негативно влијае врз односот меѓу вработените, може да го намали квалитетот на работата и лесно да се пренесе на сите сфери од животот. Затоа, неопходно е штом се појави веднаш да се елиминира!

Затоа со вас ќе споделиме неколку лесни трикчиња кои ќе ви помогнат да си создадете многу помирен и попријатен работен амбиент.

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Нема изговор за нездрава храна

Запрашај се себеси: Дали кога си на работа јадеш премногу шеќер и брза храна во текот на денот? Дали појадуваш пред да дојдеш на твоето работно место? Дали пиеш премногу кафе? Токму некои од овие или слични навики може да допринесат за поголем стрес на работното место.

Направи го првиот чекор и смени ја храната што ја јадеш! Избери повеќе свежо овошје и зеленчук, затоа што се преполни со анти-стрес состојки и ќе успеат да ти дадат енергија и да ти го поткренат расположението кога е потребно.

Обрни особено внимание на семките од тиква, бадемите и спанаќот зашто тие се богати со магнезиум. Никогаш не прескокнувај го појадокот и осигурај се дека кафето нема да биде твоето единствено оружје за подигнување на енергијата, и никогаш не и давај предност на брзата храната пред било кој друг хранлив оброк.

Обиди се да визуелизираш

Кога си под стрес, обиди се да визуелизираш, замисли во својот ум некој мирен предел и види го секој негов детаљ или замисли нешто што ти буди убави и среќни чувства. На овој начин ти свесно ќе го пренасочиш својот ум кон нешто пријатно, наспроти она што го предизвикало стресот.

Никогаш не ја заборавај музиката

Еден од најпопуларните начини за намалување на стресот е да се слуша омилената музика додека се работи. И докажано е дека без оглед дали си под стрес, тажен, лут или анксиозен, музиката навистина има моќ успешно и брзо да ти го подобри расположението.

Стани, размрдај се, протегни се

Успешно можеш да го намалиш стресот на работа ако на секои десетина минути се размрдуваш и протегаш. На пример, испружи ги рацете во воздухот, истегни го грбот или ротирај го вратот од една кон друга страна. Повторувај го движењето се додека не почнеш да се чувствуваш подобро и поопуштено.

Чувај зелена билка на биро

Докажано е дека контактот со сончевата светлина и природата секогаш ја подига енергијата и го подобрува здравјето. Но ако работиш во темна просторија во која нема доволно природна светлина, нормално е да почнеш да се чувствуваш напнато.

Во тој случај, најбрз и наједносавен начин до подобро расположение е да си ставиш до тебе една зелена билка!

Според повеќето студии, живата билка во саксија може да ти ја зголеми продуктивноста на работа, да ти ја намали анксиозноста и да ти го снижи покачениот крвен притисок.

Ако стресот на работното место од ден во ден станува се поголем, тогаш мора да го заштитите организмот. Имајте на ум дека бројот на болести поттикнати од стрес е сериозно голем. Што може и што треба да сторите?

Да си создадете навика редовно да пиете Dr. Viton Magnezan B6 – исклучително добра симбиоза помеѓу минералот магнезиум и витаминот Б6 што ја сака цел организам, стартувајќи од мозокот отруен од стрес, па се до најситното нервно влакненце во телото. И минералот и витаминот ја опуштаат мускулатурата, нервите, коските, спречувајќи појава на грчеви и напнатост.

Поттикнувајќи проток на серотонин, Dr. Viton Magnezan B6 го мотивира мозокот да размислува позитивно и да ги регистрира животните препреки безболно.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)