Здравјето извира однатре. Исхраната е многу важна и за физичкото и за менталното здравје и за убавината. Сега, со помош на природни овошки е време да го ослободиме лицето од токсини, да му ја вратиме свежината и сјајот и да се ослободиме од несаканите акни. Лесни и едноставни маски, кои можете да ги подготвите дома, а уште поубаво, ако ги викнете пријателките, па го правите ова во друштво.
Детокс со грејпфрут
- 1 грејпфрут
- 250гр. осевна каша
- 250мл. Млеко
- Измешајте ги состојките, ставете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути. Исплакнете.
Детокс со тиква
- 1 мала тиква (пире)
- ½ лажица мед
- ½ лажица млеко
- Измешајте ги состојките, ставете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути. Исплакнете.
Детокс со белки
- 1 белка од јајце
- 1 лажица мед
- Измешајте ги состојките, ставете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути. Исплакнете.
Детокс со кокос
- 1 лажица мед
- ½ лажица сокос
- Измешајте ги состојките, ставете ја маската на лицето и оставете ја 15 минути. Исплакнете.