Седум знаци дека сте во депресија

Еден од пет личности ќе бидат соочени со депресија во некој период од својот живот. Но како вообичаено да направите разлика ?

Депресијата може да се манифестира на различни начини, па затоа е добро да се знае кои се основните показатели на болеста. Психолозите велат дека мажите и жените ја изразуваат депресијата на различни начини. Додека мажите честопати се соочуваат со несоница, жените обично премногу спијат. Мажите губат апетит, додека жените често јадат повеќе од вообичаеното и акумулираат тежина, а исто така се почесто се соочуваат со силно чувство на вина.

Еден или повеќе од следниве симптоми може да бидат знак дека сте депресивни:

– Нарушен сон, без разлика дали станува збор премногу спиење или будење во текот на ноќта и во раните утрински часови без некоја очигледна причина, неможност да се продолжи да се спие.

– Недостаток на концентрација, дури и кога несте вработени со нешто сериозно, туку само читате или гледате телевизија.

– Чувство на безнадежност и беспомошност.

– Зачестено чувство на исцрпеност и недостиг на енергија.

– Зголемена нетрпеливост, недостаток на трпение и тенденција кон лесно вознемирување и нервоза.

– Промените во исхраната,било да е тоа зголемен апетит или губење на желбата за храна.

– Помислата за самоубиство и верувањето дека животот не е вреден, се знаци на тешка депресија.

Депресијата е потенцијално многу сериозна болест и затоа е потребно на време да се дијагностицира и да се лечи соодветно. Ако мислите дека сте депресивни или имате повеќе од еден симптом кои се тука наведени, закажете термин кај психолог почнете сериозно да се соочувате со проблемот.