Звучи фантастично, зарем не? Па да видиме како изгледа оваа куса диета…
Диетата со туна се држи три дена, а потоа четири дена јадете нормално (секако, без претерување). За време на диетата секој ден е задолжителна порција со туна. За време на оваа диета дозволено ви е да пиете чај, црно кафе и вода. Редовното конзумирање туна има позитивен ефект на телото бидејќи туната содржи многу од витаминот Д, омега 3 масти (до 50 проценти го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања, го подобрува функционирањето на мозокот и помага во намалувањето ан телесната тежина).
Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку масти и речиси нема потреба да се зачини освен, за оние кои сакаат, доволни се само неколку капки лимон.
Прв ден
- Појадок: 1филџан црн чај или кафе, ½ грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам);
- Ручек: 100 – 150 гр. во салата со рукола, мали кругови краставички, домат и (по желба) лажичка варен наут или пченка, 1 филџан црно кафе или чај;
- Вечера: 100 г варено говедско месо, 200 гр. динстана боранија, 200 гр исечкан морков со неколку капки лимон, чинија пудинг од ванила (околу 100 г), 1 средно јаболко, 1 филџан црно кафе, чај или вода за пиење.
Втор ден
- Појадок: 1 филџан црн чај или кафе, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана;
- Ручек: 200 гр. туна, 5 крекери, 1 филџан кафе, чај или вода за пиење;
- Вечера: 200 гр. пилешки гради на скара/ грилувани, 100 гр. варени моркови, 200 гр. варени брокули,. 1 банана, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 гр.), 1 филџан црно кафе или чај.
Трет ден
- Појадок: 1 филџан црн чај или кафе, 5 крекери, 30 гр. сирење, 1 јаболко со средна големина;
- Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 филџан црно кафе или чај;
- Вечера: 200 гр туна, 100 гр. варени моркови, 100 гр. варен карфиол, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 гр.), 1 филџан црно кафе или чај.
Напомена:
- Пилешкото и говедското може да го замените со туна;
- Оброците распоредете ги така, што вечерата ќе биде околу 18 часот, а после тоа нема да јадете ништо повеќе;
- Триесеминутното брзо пешачење- секој ден е задолжително.