Научниците велат – затоа што храната е насекаде околу нас!
И на најсилните им се случило да си купат кесе со чипс и само по неколку минути, да сфатат дека гребат по празна кеса и скришно ставаат трошки во устата.
Зошто се случува ова?
Неодамна спроведената студија, објавена во списанието „Plos One“ покажа дека, ако храната е во близина, праќа невролошки импулс кој го стимулира внесувањето храна.
Научниците од холандскиот Универзитет во Утрехт дошле до овој заклучок преку серија на експерименти, при што учесниците во истражувањето набљудувале фотографи со храна. На некои, храната им била покажана одблизу, додека на други таа е фотографирана од поголема далечина.
Резултатите покажале дека учесниците кои имале можност да ги видат фотографиите на кои храната е покажана од поблиску покажаа поголема желба за побрзо јадење, независно од тоа колку се, објективно гладни. Покрај тоа, беше откриено дека студентите кои учествуваа во истражувањето побрзо реагираа на сликите со храна која не била завиткана или во кеса, а тоа исто така наведе на привлечноста на достапноста на храна.
Значи, отстранете се надвор од видното поле, се што би можело да ве предизвика и уживате во вашиот здрав и добар изглед на телото!