Благо не јадеш, лебот сосем го исфрли, кога ќе стигнеш вежбаш, но и покрај сè имаш проблем да го намалиш стомакот. Што и да облечеш те стега, стомакот ти виси од сите страни и тоа ти ја намалува самодовербата.
Но, животот не е Instagram! Да требаше во денот да мислиш само на твојот попуштен стомак сигурно ќе изгледаше беспрекорно.
Затоа не биди строга кон себеси, сите јадеме брза храна кога роковите притискаат.
Ако си свесна дека здравата исхрана и спортувањето се добитна комбинација за да го прибереш стомачето, ти недостасува уште Dr. Viton – CLA за твојата мисија да биде успешна и тоа за двојно пократко време.
Dr. Viton – CLA е природна конјугирана линоленска киселина што ќе ти помогне да ги разбудиш оние наталожени масти околу стомакот. Ако со храна и вежбање ќе ти треба цела година за да ги согориш, со додавање на CLA ќе ги забележиш првите видливи резултати за помалку од еден месец.
Конјугираната линоленска киселина на Dr. Viton – CLA го забрзува метаболизмот и ги топи масните наслаги конвертирајќи ги во енергија. Со плус енергија ти полесно ќе го поднесеш тренингот и брзо ќе стасаш до мускули.
Уште подобра вест е тоа што CLA ќе спречи да ти се таложат масти од храната што во меѓувреме ќе ја јадеш, бидејќи да јадеш мораш инаку ќе го забавиш метаболизмот.
Сo CLA ниту мастите не ти се непријатели!
Dr. Viton – CLA ќе те увери дека мастите не ти се непријатели. Овој сосем природен додаток е катализатор на процесот на ослободување и согорување на мастите.
Замисли го како топач на масти кој го штити твојот стомак и останатите критични регии од масните наслаги што милуваат да се лепат за тебе.
Иако мастите имаат лоша репутација и сите се трудиме да ги избегнеме, факт е дека и тие ти се неопходни за нормално да функционираш. Масното ткиво служи како изолација за внатрешните органи, ги штити нервите, ги движи витамините како А, Д, Е и К низ телото и претставува најголемиот резервоар на складирана енергија што ти е достапен во секое време.
Проблемот со мастите настанува тогаш кога ќе внесеш поголема количина калории отколку што реално му се потребни на твоето тело.
Како телото ги користи мастите?
Мастите се всушност гориво за организмот и особено ти се потребни ако практикуваш да вежбаш. Дури и при високо интензивен тренинг при кој јаглехидратите се главниот извор на гориво, на телото му се потребни мастите за да стаса до складираните јаглехидрати (гликоген).
Искористувањето на мастите како гориво за вежбање е процес кој вклучува три фази:
Дигестија: Мастите тешко се варат и се конвертираат во искористлива форма на енергија. За овој процес се неопходни до 6 часа.
Транспорт: Откако телото ќе ги согори мастите, неопходно му е време за да ги транспортира во активните мускули кои ќе ги искористат како енергија.
Конверзија: За конвертирање на складираните масти во енергија неопходно е многу кислород, а тоа подразбира намален интензитет на вежбање.
Како CLA ќе ти помогне да излезеш на крај со мастите?
CLA поттикнува серија хемиски реакции кои стимулираат согорување на мастите во телото. Делува на неколку нивоа:
- Го забрзува метаболизмот
- Ја подобрува резистенцијата на инсулин
- Му помага на телото да ги мобилизира масните резерви
- Ги сузбива белите (лошите) масни клетки
Конвертирајќи ги мастите во енергија, Dr. Viton – CLA ќе го поддржи секој твој физички напор што на крајот од денот ќе ти донесе затегнато тело и мускули во пораст.
Пиј Dr. Viton – CLA и извади им ја маста на мастите што ти ја крадат самодовербата!
Dr. Viton CLA можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/
Dr. Viton CLA може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)