Жолто ноќниче- природна ризница за здравје и убавина за секоја жена

ПМС и болните менструации се многу честа појава кај жените. Тегобите кои се јавуваат пред и за време на циклусот го нарушуваат секојдневието на жените, кои многу често посегнуваат по аналгетици.

Главоболка, чувствителност, болни и отечени гради, грчеви и болки во стомакот, мачнина и повраќање, промена на расположение се само дел од симптомите на ПМС и болките за време на менструален циклус кои можат да бидат третирани на природен начин со маслото од жолто ноќниче, која благотворно делува и ги намалува симптомите на ПМС и силните менструални болки

Маслото од жолто ноќниче е најбогат природен извор на биолошки активен витамин Ф кој обезбедува есенцијални масни киселини кои придонесуваат кон производство на молекулот простагландин кој го контролира менструалниот циклус, го регулира хормоналниот баланс и основните физиолошки потреби кај жените.

Покрај своето главно дејство, маслото од жолто ноќниче позитивно делува за косата, кожата и ноктите, поради тоа претставува природна ризница за убавина и здравје за секоја жена .

 

Александра Малова