За интензивен оргазам одберете ја вистинската храна

Смалената желба за секс, честиот замор и водењето љубов се поретко дури еднаш неделно, наговестуваат недостаток на хормонот допамин, тврдат стручните лица. Од друга страна, вишокот на допамин ја зголемува желбата за секс.

Недостатокот на било кој од четирите главни хормони, допамин, ацетиколин, гама и серотонин, може да доведе до сексуални проблеми. Многу од сексуалните проблеми можат да се решат со одреден вид храна, тврди д-р Браверман.

Црвеното месо, млечните производи, пченицата и зачините ќе го поттикнат создавањето на допамин, а позитивно ќе дејствуваат и кафето и чајот, кои освен сексуалната желба ја подобруваат и издржливоста во сексот. 

Босилек секс-хормон

За покачување на нивото на допамин, јадете босилек, бибер, чили пиперчиња, лен, ѓумбир, рузмарин, сусам и многу други зачини. Овие зачини ја збогатуваат храната воедно ќе го зачинат и вашиот сексуален живот.

Во борбата против напнатоста и послабото сексуално возбудување ќе ви помогне магнезиумот и витаминот Б, но и чајот од камилица.

Повеќе среќа и повеќе “жешки„ ноќи со чоколадо

За создавање на серотонин во телото потребен е триптофан- есенцијална аминокиселина која во големи количини се наоѓа во свинското месо, авокадото, мисиркиното и пилешкото месо, јајцата и во чоколадото. Чоколадото, омилен десерт на многу луѓе, го поттикнува создавањето на хормонот за среќа, ендорфин.