Верувале или не, овие производи навистина ги бришат брчките

Покрај тоа што е здрава и ќе има позитивно влијание врз зголемување на вашиот имунолошки систем, оваа храна може успешно да се бори против брчките. Се разбира, невозможно е да ги избришете оние кои веќе постојат, но можно е да се ублажат и да се спречи појавата на нови брчки.

Овие храни задолжително вклучете ги во секојдневната исхрана :

unnamed (6)

ЛОСОС

Најдобриот избор кога станува збор за риба. Лососот е риба, особено богата со омега – 3 масти, кои се погодни за здравјето на срцето. Ако не ви се допаѓа вкусот, не се откажувајте од риба, па одлучете се за сардини, харинга или скуша.

unnamed (5)

БАДЕМИ

Кога станува збор за јаткасти плодови, не може да погрешите, сепак бадемот за многумина е особено омилен поради неговиот карактеристичен вкус. Благодарение на омега 3 масни киселини, јаткастите плодови имаат можност од внатре да ги „елиминира“ брчките.

unnamed (4)

ЈОГУРТ

Бидејќи содржат пробиотички бактерии кои помагаат при варење на храната, овие млечни преработени производи го забрзуваат метаболизмот кој, како што знаеме, е поврзан со стареењето. Покрај јогуртот во секојдневната исхрана вклучете го и кефирот.

unnamed (3)

КИНОА

Оваа древна житарка е богата со растителни влакна, но и манган, фосфор, железо, селен и витамин Б. Јадете неколку месеци само ½ чаша од неверојатната киноа и ќе бидете изненадени од резултатите.

unnamed (2)

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Иако е пијалак, а не храна, зелениот чај и тоа како заслужува да се најде на оваа листа. Благодарение на моќните антиоксиданси, вашиот брчки ќе бидат помалку видливи, а покрај очигледен ефект на подмладување, лесно ќе симнете неколку килограми.

unnamed (1)

БОРОВИНКА

Познато е дека бобинките се многу здрави, а боровинките се многу богати со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, предизвикувачи на стареење и брчки.

unnamed

ПРОКЕЉ (БРИСЕЛСКО ЗЕЛЈЕ)

Оваа зелена ризница на здравјето помага го зајакнува имунолошкиот систем, го чисти и подмладува телото. Иако покрај својот вкус и не е премногу популарен, прокељот е исклучително богат со витамини и минерали и би требало на својата трпеза да го имате најмалку еднаш во две недели.