Вистинско уживање ! Совршен кремаст вкус и неверојатната арома мешавина од цимет и традиционален салеп.
А еве како се подготвува овој зимски пијалак:
- 4 филџани млеко
- 1 филџан шеќер
- 1 голема лажица салеп во прав
- 1 кафена лажичка цимет
Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот. Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса. Салепот е најдобар кога е густ, но внимавајте да остане во течна состојба. Сварениот салеп се сервира во филџани и потоа се попрскува со цимет.
Не само што е вкусен, салепот има многу лековити моќи, го прочистува грлото, ги смирува дишните патишта и ја намалува или сосема отстранува кашлицата.