Топлотен стрес – состојба за која мора да се подготвите

Толку ти е топло, што мозокот не ти функционира, имаш чести главоболки, на секое станување од столот се задржуваш за масата за да не тупнеш на земја, се препотуваш, пиеш вода и пак си жеден, блед си, срцето ти чука забрзано и те фаќа паника. И сам знаеш, од топлото ти е иако никој не ти верува.

Топлотен стрес е името за твојата состојба, поточно дијагноза која доколку не ја сфатиш сериозно може да ти донесе сериозни последици.

Топлотниот стрес или топлотната истоштеност е состојба која се јавува после изложување на високи температури и честопати е придружена со дехидратација. Не мора да работиш на отворено за да ти се случи, а честопати почнува наивно со главоболка, па постепено се редат симптомите од ден за ден.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Поголем ризик од топлотен стрес имаат постарите, бидејќи нивниот систем за терморегулација работи забавено; малите деца, бидејќи нивниот систем за терморегулација не е доволно развиен; луѓето со прекумерна телесна тежина; оние кои пијат терапија; но генерално и сите здрави луѓе кои имаат проблем со варијабилни температури и нагло покачување на истите.

Постојат два типа на топлотен стрес:

Загуба на вода– симптоми како постојана жед, слабост, главоболка и загуба на свест.

Загуба на сол – симптоми како гадење и повраќање, грчеви во мускулите и вртоглавица.

Топлотниот стрес не е толку сериозен како топлотен удар, но е многу посериозно од она: Ништо не ти е, те фатило промаја. Доколку не интервенираш топлотниот стрес може да прогресира во топлотен удар кој пак може да го оштети мозокот и другите витални органи.

Во случај кога симптомите ги чувствуваш истовремено и се со силен интензитет, многу е важно да прекинеш со активностите и да одмараш во изладена просторија.

Препорачана стратегија:

  • Пиј многу вода, особено спортски пијалаци за да надоместиш за загубените соли
  • Раскомоти се, особено ако носиш тесна облека.
  • Туширај се со поладна вода.
  • Лади се со ладни облоги како мокар пешкир или лепеза.

Ако ваквите мерки не донесат подобрување во рок од 15 минути, појди на лекар. Имај на ум дека после претрпен топлотен стрес твоето тело ќе стане почувствително на сонце, затоа мораш да ги преземеш сите мерки за заштита:

  • Избегнувај го сонцето по секоја цена
  • Пиј течности и консумирај лесна храна
  • Избегнувај диуретик како кофеин и алкохол
  • Носи лесна облека, очила за сонце и капа
  • Ставај СПФ

Суплементи што го спремаат телото за високи температури

МАГНЕЗИУМ

Магнезиумот е минерал кој небаре е дизајниран за екстремно високи температури, но многу лесно се губи при дехидрација. Со него ќе успееш да го смириш возбудениот организам и да поттикнеш благосостојба.

Првенствено делува на нервите и на срцевиот мускул кои засегнати од топлото се напнуваат сами по себе, но самата аритмија предизвикува паника и дополнително потење. Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок задолжително треба да го заштитат срцето пиејќи магнезиум.

Бидејќи е минерал кој ги храни и коските и мускулите, магнезиумот успешно ќе ги опушти и ослободи од топлотните отоци и грчеви. Колку и да делува чудно, топлото време поттикнува болки и грчеви и во стомакот – симптом со кој магнезиумот исто така успешно се справува, бидејќи го олеснува варењето на храната и празнењето на цревата. Магнезиумот го нарекуваат солен лаксатив од причина што ја зголемува водата и течностите во тенкото црево.

ВИТАМИН Ц

Ниту едно случување во организмот не може да помине без витамин Ц, а истото важи и за  топлотниот стрес. Како најголем поддржувач на имунитетот и прва превенција при настинки или општа слабост на организмот, витаминот Ц треба да биде и прва превенција кога телото потклекнува на топлото време.

Една студија покажала дека вработените кои работат во екстремно топли фабрики се соочиле со помал број на топлотни инциденти кога пиеле аскорбинска киселина (витамин Ц) пред работа. Во период од 9 години, ниту еден инцидент на топлотен стрес не бил забележан.

И во други случаи било забележано дека витаминот Ц им помагал на пациентите подобро да се прилагодат на топли и влажни температури, но кога го пиеле подолг период. 

Минералот и витаминот спаковани заедно ќе ги најдеш во кесичките на Dr. Viton Magnezan C кои имаат одличен освежителен вкус. Со овој сојуз твојот организам успешно ќе се справи со неподносливите температури.

Dr. Viton – Magnezan C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/

Dr. Viton – Magnezan C може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)