Танцувањето го намалува стресот, пробај уште денес

Сите ние секојдневно сакале или не, се соочуваме со нови извори на стрес, и токму затоа повеќето од нас се во постојана потрага по нови и ефикасни начини за намалување на насобраната напнатост.

За да го намалиме стресот, некои од нас редовно си планираат викенд патувања, некои мирот го бараат во читање на некоја добра книга, други гледаат филм или одат во бања, но дали знаеш дека и танцувањето дома или во некој танцувачки клуб е одлична опција?

Како и при секоја друга физичка активност, така и при танцувањето, во човечкото тело се ослободуваат ендорфини или хормони на среќата, кои не само што го намалуваат стресот туку истовремено ни предизвикуваат чувство на задоволство, среќа и зголемен оптимизам.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Зголеменото ниво на ендорфини го подобрува и квалитетот на спиењето, па затоа ако веќе си преморен од многуте непроспиени ноќи, почни да танцуваш и за многу кусо време повторно ќе се почувствуваш наспано и одморено!

Танцувањето ќе ти овозможи извонредна физичка активност при која ќе се активираат повеќето мускули од твоето тело, ќе се подобри циркулацијата и ќе се раздвижи лимфата, но истовремено до израз ќе дојде и твојата креативност, а сигурно ќе ти се подобри и расположението.

Науката повеќе пати има докажано дека кога твоето тело се чувствува добро, тогаш добро се чувствува и твојот ум.

Танцувањето помага за одржување на добро ментално здравје, но од него има и ред други придобивки:

  • Ја подобрува состојбата на твоето срце и плуќа
  • Ја подобрува рамнотежата и твојот осет во просторот
  • Ја зголемува самодовербата
  • Го подобрува расположението
  • Ги изградува и зацврстува мускулите

Доколку се одлучиш да посетуваш професионални часови по танц, секако дека ќе се подобри и твојот социјален живот, бидејќи тоа е одличен начин за да се запознаваат нови луѓе, да се формираат нови социјални врски што исто така многу допринесува во намалување на стресот.

Доколку одлучиш да си танцуваш дома во сопствена режија, изборот на музиката, а и времето на танцување многу би зависел од ефектот кој би сакал да го постигнеш.

Ако ти е потребно да имаш енергија во текот на целиот работен ден, пушти си некоја енергетска музика за да се размрдаш и да си ја подигнеш енергијата веднаш штом ќе станеш.

Но, ако ти е потребно да се опуштиш на крајот од работниот ден, тогаш избери нешто смирувачко и побавно, за да ти помогне да се релаксираш и да ти осигура мирен и квалитетен сон.

Не чекај повеќе, направи си избор на мелодии по твоја желба и имај ги при рака за да си ги пуштиш и танцуваш секогаш кога ќе почувствуваш таква потреба.

Пушти си музиче, размрдај си го телото и ќе видиш како одеднаш животот ќе ти стане многу порелаксиран и поубав!

А за да им пуштите музика на внатрешните органи, едноставно напијте се Dr. Viton Magnezan B6. Овој суплемент е вистинска симфонија и за срцето и за мозокот. 

Dr. Viton Magnezan B6 е исклучително добра симбиоза помеѓу минералот магнезиум и витаминот Б6 што ја сака цел организам, стартувајќи од мозокот отруен од стрес, па се до најситното нервно влакненце во телото. И минералот и витаминот ја опуштаат мускулатурата, нервите, коските, спречувајќи појава на грчеви и напнатост.

Поттикнувајќи проток на серотонин, Dr. Viton Magnezan B6 го мотивира мозокот да размислува позитивно и да ги регистрира животните препреки безболно.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)