Многу си напнат? Гушни некого и се ќе помине

Како луѓе сите ние копнееме да оствариме некаков контакт меѓусебе. Физичкиот контакт, како што е допирот, е еден од главните начини преку кои ние си покажуваме дека имаме наклонетост еден кон друг.

Буквално сите видови на физички допир, вклучувајќи го и гушкањето доведува до зголемено лачење на окситоцин од питуитарната жлезда.

Окситоцинот често се нарекува и хормон на среќата, бидејќи го подига расположението, го намалува стресот и ја потпомага релаксацијата на телото и умот.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Истражувањата имаат покажано дека гушкањето може навистина да е ефикасен начин за третирање на стресот, осаменоста, депресијата, анксиозноста и ред други здравствени состоби. 

Со други зборови гушкањето има лекувачка моќ!

И затоа овде ќе ги спомнеме 5-те главни начини за тоа како гушкањето може да го подобри твоето здравје!

Гушкањето го подобрува квалитетот на сонот

Со некои студии е покажано дека окситоцинот може да го подобри квалитетот и должината на спиењето. И бидејќи е научно докажано дека за време на гушкањето нивото на окситоцин природно се покачува ние стануваме се повеќе опуштени и полесно ни станува и да заспиеме. 

Постојат дури и студии со кои се докажало дека зголеменото ниво на окситоцин може да ја намали појавата на спиечка апнеа и така да го зголеми квалитетот на сонот.

Гушкањето помага за одржување на нормална телесна тежина

Физичкиот контакт меѓу луѓето, ја намалува потребата за храна особено компулсивното посегање по се и сешто, бидејќи излачениот окситоцин ја намалува потребата и желбата да јадеме со цел да постигнеме чувство на задоволство.

Значи секогаш кога ќе почувствуваш потреба да си грицнеш нешто онака без оправдана причина, избери да се гушнеш со некој што ти значи, па макар и да е животно или кадифена играчка, зашто придобивките за твоето здравје и општа благосостојба ќе бидат не само полезни туку и многу поголеми.

Гушкањето го подобрува имунитетот

Повеќе од 70 посто од твојот имун систем е сместен во цревата, а нашите црева и ум имаат нераскинлива врска. Кога чувствуваме пеперутки во стомакот, чувство на возбуда и задоволство при физички контакт со некој што ни значи, се излачува окситоцин. И токму со покачувањето на окситоцинот се зголемува и функцијата на Т- регулаторните клетки на имуниот систем. И токму така една навидум небитна прегратка не само што е екстра пријатна, туку и го зголемува имунитетот.

Гушкањето ја намалува анксиозноста

Сигурно знаеш дека гушкањето секогаш носи чувство на смиреност и релаксира. Но и со научни студии е докажано дека високото ниво на окситоцин успешно може да ја намали анксиозноста, и тоа не само во благите туку и во посериозните случаи на различни анксизони нарушувања.

Гушкањето ја засилува партнерската врска

Гушкањето е неопходно во секоја љубовна врска, и според експертите, колку повеќе се практикува толку повеќе врската меѓу партнерите се продлабочува и засилува.

При самото гушкање се намалува пулсот, се смирува умот и се подобрува расположението. А истовремено самиот чин на прегрнување претставува најдобар начин за искажување на чувствата и давање и примање на љубов дури и без зборови.

Но тоа не е се, за крај ќе ти откриеме и една тајна, колку подолго се гушкаш дотолку подобро! 

Докажано е дека за целосно да уживаме во сите позитивни придобивки од гушкањето, потребно е прегратката да трае повеќе од 20 секунди!

Само не заборавајте и редовно да се прегрнувате со Dr. Viton Magnezan B6. Оваа одлична комбинација на минералот магнезиум и витаминот Б6 ќе воспостави комплетен баланс меѓу сите клучни процеси во организмот. 

Витаминот Б6 по природа е растворлив во вода и брзо се апсорбира, но докажано ја подобрува и апсорпцијата на магнезиумот. Што значи, можете да бидете сигурни дека Dr. Viton Magnezan B6 целосно ќе стаса до секоја клетка во вашето тело и ќе ја ослободи од стрес.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)