При зголемување на притисокот во стомакот,слаба функција на затворачот на хранопроводот, а понекогаш и стресот доведуваат до зголемено лачење на киселина во желудникот. Во тој случај потребно е да се спречи притисокот врз стомакот односно да се намали тежината доколку имате вишок на килограми ,да не се пијат газирани пијалаци и да не се носи тесна облека.
Создавање на киселина може да се намали со мали оброци пет до шест пати во текот на денот и да се остави поголем простор за вегетаријанска храна која ја неутрализира киселината.
Да се внимава на слузокожата на желудникот со пиење кафе или пак кинески или руски чај по две три шолји дневно,да не се консумира алкохол и да не се јаде пресолена и презачинета храна.
Храна богата со штетни масти јадете што помалку како на пример: сланина, паштети, колбаси, сирење и чоколада а повеќе консумирајте храна која содржи витамин Ц.
Исто така треба да се внимава и на стомачните мускули односно да не се пијат ладни пијалоци, да се’ јаде помалку мрсна храна (овошје, зеленчук, риба и јајца) и многу да се внимава на готвењето на храната.