Сте пуштиле стомаче? Ова ќе ви помогне да го израмните

Се чини дека сите гревови што ги правиш во однос на храната ги плаќа твојот стомак. Што и да каснеш одма ти се лепи токму таму. Колку и да слабееш, не можеш да се ослободиш од спојлерите и пивското стомаче. А кој може да издржи без ладно пивце или коктел на времево?

Сите сонуваме за рамен стомак, но и сам знаеш колку е тешко да дојдеш до него. Тешко, но не и невозможно. Кога станува збор за стомакот имаш одврзани раце да го употребиш сиот арсенал на располагање: здрава храна, спортување, диететски суплементи како растителни влакна.

Овие последниве се ѕвездените состојки во секој програм за слабеење од причина што обезбедуваат редовно празнење, а од друга страна го регулираат апетитот. И растворливите и нерастворливите влакна се одлични за дигестивното здравје, но првите се оние кои се борат со тврдоглавото масно депо околу стомакот. Растворливите влакна подлегнуваат на дигестија и при самиот процес формираат гелна супстанца која привлекува вода, токму ова ви дава чувство на полност во стомакот и пролонгирано чувство на ситост.

Конкретно, зголемениот внес на растворливи влакна само 10 грама во денот ги намалува висцеларните масти за 3.7 %. 

Растителните влакна не ги согоруваат мастите околу стомакот, но нивната редовна консумација секако води до порамен стомак.

Нерастворливите влакна имаат лаксативен ефект и движејќи се непроменети низ дигестивниот систем ја креираат столицата и на тој начин се задолжени за исфрлање на вишоците од организмот.

Растворливите влакна прават да се чувствувате полно забавувајќи ја дигестијата и регулирајќи го нивото на шеќер во крвта и на тој начин го редуцираат бројот на калории што ги внесувате.

Со зголемување на внесот на растителни влакна вие не само што ќе ја намалите телесната тежина туку ќе одржите здрава телесна тежина. Да, можеби е потребно повеќе време за да го постигнете посакуваниот ефект, организмот да се навикне на порцијата растителни влакна кои го суспензираат апетитот, но ова е сигурен начин за здраво и долгорочно слабеење.

Студијата објавена во мартовското издание на The Journal of Nutrition, покажа дека учесниците кои консумирале повеќе растителни влакна имале помали шанси да се здебелат или да наталожат масти околу стомакот за разлика од оние кои не воделе сметка за тоа колку растителни влакна консумираат.

Ваквите податоци особено важат за абдоменалната дебелина. Студијата објавена во октомври во The Journal of Nutrition, индицира дека луѓето кои консумираат доволно растителни влакна во денот, имаат помалку вишок околу половината во однос на оние кои не ја внесуваат препорачаната количина.

Од друга страна, стомакот делува многу порамен доколку се ослободите од надуеноста или констипацијата (запек). Ако нагло го зголемите внесот на растителни влакна, очекувајте да се соочите со овие состојби. Имајте на ум дека внесот на растителни влакна, ако сте почетници во консумацијата на соодветните дози, треба да се одвива спонтано и плус треба да пиете повеќе вода.

Целете на 21 до 25 грама растителни влакна во денот ако сте жена или 30 до 38 грама растителни влакна ако сте маж. Ако сега скокнавте од среќа дека ова е лесно да се постигне со храна, запрашајте се зошто до сега не успеавте?

Статистиките покажуваат дека луѓето не внесуваат доволно растителни влакна, конкретно во просек внесуваме од 7 до 15 грама. Затоа на сцена настапува Dr. Viton Bio Fiber – природен пребиотик во прав од растителни влакна од акација кои ќе се погрижат да стасаш до рамен стомак, но без да ја загрозиш цревната микрофлора.  

Bio Fiber ја подобрува дигестијата и поттикнува редовно празнење, на тој начин спречува задржување на штетните материи и токсини во организмот зајакнувајќи го имунитетот и поттикнувајќи добро расположение кое варира за време на диета. Од друга страна, желатинската маса што ја создаваат растворливите влакна што ги содржи Dr. Viton Bio Fiber ќе ве одржи сити и ќе ве ослободи од вишокот масти и шеќери.

Dr.Viton – Biofiber можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/

Dr.Viton – Biofiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)