Спијте подолго и намaлете ги килограмите

Последиците од недоволното спиење прво ќе ги видете на вагата! Поради недостаток на спиење, телото нема доволно енергија за нормално функционирање, метаболизмот се забавува, а килограмите се натрупуваат .

Дали спиете доволно во последно време? Ако не, ова може да биде аргумент за рано одење во кревет. Според новото истражување, помалку од пет и пол часа спиење негативно ќе влијае на вашата линија. Последиците од малку сон ќе се видат штом ќе застанете на вага.

Научниците од Бостон ги споредија ефектите од спиењето на 21 испитаник- доброволци во период од шест месеци. Почнаа со десет часа  ноќно спиење , но во текот на истрагата беше намалено на пет и пол часа, и тоа не само во текот на ноќта, туку во секое време од денот, кога испитаниците се чувствуваат изморени.

Резултатите покажуваат дека намалувањето на сонот доведе до пад во активноста на метаболизмот за 12 проценти. Научниците пресметале дека кога испитаниците спиеле помалку од пет и пол часа, дневната потрошувачка на калории е намалена за 120 на ден. Кога така би било во текот на целата година, би добиле 12 и пол килограми прекумерна тежина.