Можете да поминете часови и часови во фризерски и козметички салони, но вашата коса и понатаму да изгледа досадна . Ако се соочувате со овој проблем, ако сте уморни од трошење многу пари, може да се обидете со спа третман за коса во вашиот дом. Мислите дека е тешко? Не грижете се, овие чекори се многу едноставни, а исто така нема да изгубите многу пари.
Всушност, повеќето од производите што ви требаат за еден спа третман за коса може да ги најдете во вашата кујна. Работите што ви се потребни за спа третман за коса се: масло за коса по ваш избор, балсам (домашен или купен) маска за коса (домашна или купена).
Чекор 1: Масажа на скалпот
Ова е првиот чекор за да започнете спа третман во вашиот дом. Масирајте ја главата со било кое масло за нега околу 15-20 минути. Можете да користите маслиново масло, бадемово масло, кокосово масло, или масло од сусам. Најдобро е да се измешаат еднакви делови од сите масла и да ја користите оваа смеса. Масирајте нежно со врвовите на вашите прсти. Така ќе ја зголемите циркулацијата на крвта и ќе помогнете во растот на косата.
Чекор 2: Парете ја косата
Потопете една крпа или памучна ткаенина во топла вода и истиснете го вишокот на вода. Завиткајте ја крпата или ткаенината околу главата и покријте ја претходно намачканата коса со масло . Ова му помага на маслото подобро да навлезе длабоко во кожата и ја храни косата. Овој чекор треба да трае најмалку 15 до 20 минути.
Чекор 3: Миење на косата
Сега измијте ја косата со благ шампон. Користете ладна или млака вода за миење на вашата коса. Топлата вода предизвикува првут, чешање и сув скал, а го слабее и коренот на косата .
Чекор 4: Нанесете балсам
После шампонот, нанесете балсам за вашата коса. Можете да користите домашна балсам, или било каков готов производ кој одговара на вашата коса. За домашен балсам, варете листови од чај со вода и додадете сок од лимон во него. Користете ја оваа смеса како балсам после миењето со шампон.
Чекор 5: Нанесете маска за коса
Овој последен чекор ја обезбедува сета потребна храна за вашата коса. Можете да купите маска за коса или да направите дома, во зависност од вашите потреби и расположливите работи. Постојат различни домашни маски за коса кои можете да ги пробате.
– Измешајте едно или две јајца, во зависност од должината на вашата коса со кокосово масло и употребете ја смесата како маска за коса. Покријте ја косата со топла крпа и оставете да стои најмалку 20 минути, а потоа измијте се со благ шампон.
– Се пасира зрела банана и се меша со маслиново масло, јајца, млеко и мед. Смесата се нанесува на косата . Оставете ја така околу 20 минути и исплакнете.
– Смесата од банана, мед, јогурт и маслиново масло, исто така, прави чуда за вашата коса. Исто така можете да ја применувате оваа домашна маска.
Сега научивте како да направите спа третман за коса во вашиот дом. Направете го ова еднаш неделно или секои 15 дена, и ќе ја видите разликата. Многу брзо ќе ги добиете саканите резултати.