Совети за нега на виткана коса

Витканата коса секогаш е во мода. Локните и даваат волумен, но тие убаво ќе изгледаат само ако им овозможите соодветна нега. Еве неколку совети како вашите кадрици да ги направите нежни и меки.

Шампонирање под туш

Туширањето е најдобар начин за да ја измиете витканата коса. Мијте ја косата држеќи ја главата обратно, а потоа свртете ја главата и оставете водата да тече на косата додека вие стоите исправено.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Хидрирајте ги кадриците

Избегнувајте ги маслата и пените за коса. Редовно употребувајте регенератор. Хидрираната коса ќе остане мека и сјајна.

Стил

Кога ќе завршите со миењето на косата само истиснете ја за да се ослободите од вишокот на вода. Одредете и го стилот додека е се уште мокра, нека се суши за време на процесот на средување. Тоа ќе и помогне на косата да ја сочува влагата, па ќе добиете долготрајни, убави и нежни кадрици.

Употребувајте квалитетни производи

Евтините производи содржат тешки хемикалии кои можат лошо да влијаат на кадриците, косата и коренот. Тешките хемикалии се многу опасни за вашата коса, па затоа употребувајте само квалитетни производи кои одговараат на вашата текстура на коса.

Оцет

Оцетот ќе ги затвори порите и ќе ги направи вашите кадрици меки. Додадете една лажица јаболков оцет во чаша топла вода, а после миењето сипете ја мешавината на косата. Без да ја исплакнете ставете регенератор.

Сода бикарбона

Уште еден природен производ кој витканата коса ја прави мека и сјајна. Измешајте 1 лажица сода бикарбона со 3 лажици соодветен регенератор, па ставете ја мешавината на коса. Убаво исплакнете со топла вода.

Сушење

Оставете ја косата да се исуши по природен пат. Ако брзате употребете дифузен фен на најмалата брзина. Постојаното фенирање ќе ја направи вашата коса кршлива.